ЕВН 4-2(2-1) Аџибадем Систина
ЕВН: Ајет Новобрдалија 10”, Дарко Стоилевски 17”, Ѓорѓи Поповски 35”, Бојан Симоновски 37”
Аџибадем Систина: Дамјан Јофчевски 14”, Далибор Дамјановиќ 32”
Екипата на Аџибадем Систина натпреварот со ЕВН го започна со скратен сотав, имајќи само една замена на клупата. Ваквата прилика ја препозна и децидно ја искористи екипата на ЕВН, потпирајки се на честите замени од својата клупа уште на самиот старт наметна високо темпо на игра, особени изразено во предно поле. Со ваквиот висок притисок, екипата на ЕВН успеа преку Новобрдалија 10” прва да стигне до погодот за водство од 1-0. Во продолжението на првото полувреме екипата на Аџибадем Систина успеа да ги консолидира својте редови и упатувајќи чести удари кон голот на ЕВН, успеа да израмни на 1-1 во 14” преку Јофчевски. Не изостануваа шутевите од страна на ЕВН кон голот на Аџибадем систина, па така Стоилевски 17” повторно и донесе водство на екипата на ЕВН од 2-1, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи влегоа мошне мотивирано, играјќи агресивно во одбраната и наметнувајки високо темпо во предно поле. Со ваквото темпо екипата на Аџибадем Систина успеа повторно да ги затресе мрежите на голот на ЕВН преку Дамјановиќ 32”, но скратениот сосатв не и дозволи на Аџибадем Систина ваквото високо темпо да го задржи, па така кај ЕВН двојникот Поповски – Симоновски 35”-37” успеа да го удвои водството на екипата на ЕВН на 4-2 за конечна победа на ЕВН над Аџибадем Систина.