ЕВН 3-3(2-0) ЕЛЕМ (6-7 по пеналите)
ЕВН: Наум Бадаловски 8’ 27’ Филип Стојановски 18’
ЕЛЕМ: Николче Јовановски 23’ Пеце Пецаковски 25’ 40’
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и ЕЛЕМ, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел. Екипите уште од самиот старт на полувремето наметнаа високо темпо на игра, екипите со брзи акции често се наоѓаа до отворени позиции за погодок но голманите беа да ниво на задачата па мрежите мируваа. Кон средината на второто полувреме екипата на ЕВН конечно успеа да ја скрши одбраната на ЕЛЕМ и со погодок на Бадаловски да дојде до предност од 1-0. Екипата на ЕЛЕМ имаше одлична шанса за израмнување на резултатот но слаба реализација па екипата на ЕВН остана со гол предност. До крајот на полувремето екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра и со сигурна одбраната и добро изградени нападу успеа да дојде до зголемување на предноста на 2-0. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и да дојде до поволна позиција да погодок. Оваа одлука се покажа како правилна бидејќи со два погодоци на Јовановски и Пецаковски тие успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2. Екипата на ЕЛЕМ продолжи со силен притисок кон голот на ЕВН, но ЕВН успеаа преку брза контра да го изненадат противникот и повторно да дојдаt до резултатска позаитива од 3-2. Сепак Пецаковски во последната минута од натпреварот успеа да реализира и да го доведе овој натрпревар во пенал завршница. Во пенал завршницата стативата беше сојузник на ЕЛЕМ кои на крајот славеа со 6-7.