Гранит 2-2 (1-0) ЕЛЕМ
Гранит: Виктор Нацевски 9’ Николче Глигуровски 22’
ЕЛЕМ: Владимир Јанакиевски 39’ Тихо Груевски 40’
Првиот натпревар во групата Ц го одиграа екипите на Гранит и ЕЛЕМ. Во првото полувреме екипата на Гранит играше доста офанзивно вршејќи му притисок на ЕЛЕМ во предно поле. Екипата на ЕЛЕМ се обидуваше со индивидуална игра да дојде до отворени шанси за гол, но Гранит со цврта одбрана успеваше да развије брз контра напад преку кој во 9’ во реализација на Нацевски дојде до водство од 1-0. До крај на полувремето се играше цврсто во одбраната и на двете страни, па одтука и резултатот остана непроменет 1-0. Уште на самиот старт на второто полувреме екипата на гранит преку Глигуровски 22’ успеа да го зголеми водството на 2-0. По ваквиот резултат ЕЛЕМ беше приморан да внесе гоман-играч во својте редови. Оваа техничко-тактичка замисла вроди со плод буквално во последната минута од натпреварот кога преку двоецот Јанакиевски – Груиевски со два гола ЕЛЕМ успеа да обезбеди бод. Конечен резултат 2-2.