ЕЛЕМ 10-3(1-3) А1
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 30’ Синиша Ковечевиќ 2’ 22’ 24’ Борче Симоновски 31’ Тихомир Груевски 35’ Ледрон Кадриу 23’ 28’ Владе Јанакиевски 25’ 33’
А1: Дарио Јовановски 14’ 16’ Михаил Делев 20’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и А1, двете екипи силно мотивирани влегоа во првото полувреме. Екипата на ЕЛЕМ во 2та минута од полувремето успеа да дојде до предност со погодокот на Ковачевиќ и да поведе со 1-0, ова ја мотивираше екипата на ЕЛЕМ да продолжи да врши притисок и да се заканува кон голот на противникот. Сепак екипата на А1 успеа да ги консолидира своите редови и со два погодоци на Дарио Јовановски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 1-2. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ се закануваше кон голот на противникот но не успеа да реализира што А1 го казни за водство од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и со одлична и тимска игра од минута во минута ја намалуваше резултатската негатива а во 23та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот од 3-3. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ ја пронајде својата игра дојде до целосен резултатски пресврт и да направи солидна резултатска предност. Екипата на А1 во скратен состав не успеваше во второто полувреме да парира на расположените ЕЛЕМ кои на крајот од овој натпреар славеа со убедливи 10-3