Стопанска Банка 3-6(0-2) ЕЛЕМ
Стопанска Банка: Симјановски 26” 33” 36”
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 3” 27”, Лидрон Кадриу 14” 31”, Синиша Ковачевиќ 37” 38”
Екипата на ЕЛЕМ во натпреварот со Стопанска Банка влезе уште на самиот старт со препознатлива формација во која го имаа Антонио Ничевски како голман-играч во делот на нападот. Со ваква поставеност успеаа да ја изненадат Стопанска Банка па во 3” преку Ничевски дојдоа до водство од 0-1. Екипата на Стопанска Банка се обиде со притисок во предно поле да не му дозволи на ЕЛЕМ да го користи играчот-плус во формацијата голман-играч, но ЕЛЕМ преку контра напад во втората половина од првото полувреме, 14” дојде до водство од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме Стопанска Банка со голман-играч се обиде да ја анулира предноста на ЕЛЕМ стекната во првото полувреме. Ваквата поставеност на Стопанска Банка ја искористи Симјановски кој постигна дури три гола во второто полувреме, но тоа не беше доволно резултатски да се приклучи на вечерва расположениот ЕЛЕМ кој преку колективна игра не дозволи изненадување па на крајот успеа да го добие овој натпревар со 3-6.