Илиевски со четири погодоци ја водеше Фабрика Карпош – ГИМ до победа над ЕВН

ЕВН 3-8(2-5) Фабрика Карпош – ГИМ
ЕВН : Вилијам Митев 2”, Бојан Тодоровски 9”, Ајет Новобрдалија 22”
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 6” 7” 14” 18”, Георги Божиков 10” 32”, Лазар Божиновски 24” 40”

Екипите на ЕВН и Фабрика Карпош – ГИМ во овој дуел влегоа офанзивно. И двете екипи натпреварот го започнаа со стандардните состави. И на двете страни се играше чист фудбал од кој со брзи проигрувања и двете екипи доаѓаа до изгледни шанси за гол. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 2” кога преку Митев успеа да дојте до предност од 1-0, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ по неколку напади успеа да го израмни резултатот преку Илиевски 6”. Натпреварот беше крајно израмнет и се играше гол за гол се до 9та минута кога резултатот беше израмнет 2-2. Во втората половина ов првото полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да наметне висок ритам во кој ЕВН не можеше да се снајде па од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 2-5.
Во второто полувреме екипата на ЕВН се обиде уште на самиот старт со голман-играч резултатски да се врати. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше присебна, успеа да одговори на ваквата игра на ЕВН со што не дозволи ЕВН резултатски да се приклучи. Во текот на целото полувреме Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ја сочува предноста која ја стекна во почетокот на овој натпревар во кој на крајот славеше со 3-8.