Илиевски со 5 гола во вторто полувреме и донесе победа на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 4-7(4-2) Фабрика Карпош – ГИМ

ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 19’ Валентино Трајковски 6’ 9’ Давид Илиевски 15’
Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 6’ 20’ Филип Илиевски 22’ 23’ 24’ 33’ 37’

Во отворен фудбал започна натпреварот помеѓу ДВЛ Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ и двете екипи во овој натпревар влегоа офанзивно со одлично изработени напади кои им овозможуваа да дојдат до отворени шутови кон противничките голови. Се играше цврсто на двете страни прва до водство дојде екипата на ВЛД Ван Хоол преку Трајковски во 6та минута од полувремето, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше брз одговор и веќе во следниот напад успеа да израмни на 1-1. Но екипата на Ван Хоол со одличен погодок успеа да поведе на 2-1, а при реализација на овој гол се повреди голманот на Фабрика Карпош – ГИМ што ја примора екипата во своите редови да внесе голман играч. Во ваквата игра екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да го надмудри противникот и преку контра напади дастигне до предност од 4-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ги консолидира своите редови играта со голман играч ја постави на ниво на задачата и успеа да направи целосен резултатски пресврт. Во ваквата игра се истакна Филип Илиевски кој по одлични асистенции на Божиков успеа да реализира дури 5 гола. До крајот на натпреварот екипата на ВДЛ Ван Хоол се обиде резултатски да се врати во натпреварот но не успеа во тоа па на крајот Фабрика Карпош – ГИМ славеше со 4-7