ЕЛЕМ: Влатко Петровски 11” Владе Јанакиевски 10”, Тихо Груевски 33”, Душко Спасеновски 19” 39”, Пеце Пецаковски 20”, Илир Елмазовски 38”
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 25”, Муаз Салихи 2” 12”
Екипите на Елем и LC Waikiki од самиот старт на овој натпревар влегоа мошне мотивирано. На двете страни се играше долг и контролиран напад преку кој и двете екипи се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол. Прва до водство дојде екипата на LC Waikiki преку Салихи во раната фаза од натпреварот во 2”, по што следеше израмнување кое ЕЛЕМ го оствари преку Јанакиевски 10”. По овие два гола се играше израмнет натпревар во кој и двете екипи најизменично се менуваа во водството, се до самиот финиш кога екипата на ЕЛЕМ усеа со два последувателни погодоци да стекне резултаткса предност од два гола, 4-2, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki преку цврста одбрана и контра Внапади се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на ЕЛЕМ не му дозволи на LC Waikiki да ги реализира техничко-тактичките замисли па со добра поставеност во делот на нападот успеа да стекне резултатска предност која ја преточи во победа. Конечен резултат 7-3.