Glass Lux 4-8(1-3) ЕЛЕМ
Glass Lux: Блаже Говедаровски 19’ Матеј Јаневски 34’ 36’ 37’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 3’ 40’ Синиша Ковачевиќ 22’ Борче Симоновски 29’ Душан Спасеноски 18’ 28’ Тихо Груевски 14’ 23’
Во вториот дуел од првото коло на терен се сретнаа екипите на Glass Lux и ЕЛЕМ. Натпреварот започна во висок ритам уште од првата минута. И двете екипи наметнаа игра карактеризирана со висок пресинг во предно поле, истовремено играјќи цврсто и одлучно во делот на одбраната. Во ваквиот ваквата интензивна игра, прва до погодок дојде екипата на ЕЛЕМ преку брз контра напад и прецизен шут во реализација на Ничевски 3”. Екипата на Glass Lux имаше одлични продори до противничкиот гол и по негативата од еден гол се почесто се закануваше кон голот на противникот. Екипата на ЕЛЕМ одлично ја искористи отворената игра на Glass Lux за преку брзи контра напади да успее да го зголеми водството на 0-3. Во завршницата од полувремето екипата на Glass Lux преку Говедаровски успеа да ја намали разликата на 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одлична игра потпрени на своето искуство и од минута во минута го зголемуваа водството кое до 29та минута изнесуваше високи 1-7. Во самата завршница од натпреварот екипата на Glass Lux го подигна темпото и нивото на игра и почна да ја топи предноста на ЕЛЕМ. Сепак екипата на ЕЛЕМ искусно ја смири топката и го искористи времето како свој сојузник за победа во овој дуел со 4-8.