Искуството на Лукоил пресудно во дуелот со ТАВ

Лукоил 9-3(3-0) ТАВ

Лукоил: Александар Георгиевски 17’ Горан Стојанов 34’ Иван Стојчев 13’ 31’ Лоренцо Николовски 12’ 40’ Димитар Иванов 24’ 24’ 37’
ТАВ: Петар Мартиновски 25’ 27’ Мартин Сидоровски 40’

Екипите на Лукоил и ТАВ одлично го започнаа првото полувреме, двете екипи вледоа во овој натпревар со брза и динамична игра. Екипата на Лукоил вршеше силен притисок кон голот на ТАВ но ТАВ одлично успеваше да ги сопре овие напади на Лукоил и да се заканува преку контра напади. ТАВ одлично се бранеше против актуелниот шампион се до 12та минута од полувремето кога екипата на Лукоил успеа да го скрши отпорот на ТАВ и со два погодоци во низа на Николоски и Стојчев да дојде до предност од 2-0. До полувремето екипата на Лукоил успеа да зголеми на 3-0 со погодокот на Георгиевски резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме кај екипите се разгореа страстите и се започна со нешто погруб фудбал, се играше на граница на фаул. Екипата на Лукоил продолжи со својата препознатлива игра и успеваше да го зголемува водството, екипата на ТАВ имаше мала серија но не доволна за да ја нулира предноста на Лукоил кои искусно го приведоа овој натпревар кон крај и славеа со 9-3.