Леар 3-7(1-2) Аџибадем Систина
Леар: Борче Ристевски 8”, Робертино Златевски 33”, Александар Симјановски 34”
Аџибадем Систина: Дамјан Јовчевски 6” 38”, Кристијан Димковски 23”,НиколаТрајковски 10” 38”, Игор Ѓорѓиевски 32”, Влатко Јовановски 40”
Крајно израмнет натпревар одиграа екипите на Леар и Аџибадем Систина во првото полувреме. И од двете страни се играше цврста одбрана, екипите се обидуваа да ги затворат целосно пробивите кон голот. Во 6” минута Јовчевски преку контра напад и донесе предност на Аџибадем Систина од 0-1, но Ристевски по неполна минута успеа да израмни за екипата на Леар. Се играше егал до 10та минута кога Трајковски со гол и донесе предност на Аџибадем Систина од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со егал игра се до средината на полувремето кога екипата на Аџибадем Систина усепа да стекне предност од 1-4, но по груб старт имаше исклучување на двете страни. Екипата на Леар во својте редови го внесе Недев како голман-играч. Истото вроди со плод и со два последувателни гола екипата на Леар стигна на само еден гол негатива, но Аџибадем Систина успеа да ги консолидира својте редови, да го задржи водството и на крајот да дојде до победа од 3-7.