Лефков со звукот на сирената му донесе бронза на Лукоил во дуелот против Макстил

Лукоил 2-1(1-1) Макстил

Лукоил: Петар Лефков 2’ 40’
Макстил: Бобан Бојковски 2’

Во натпреварот за третото место во Бизнис Лигата силите ги одмерија екипите на Лукоил и Макстил, двете екипи одлично го започнаа пролувремето. Екипата на Лукоил со погодок на Лефков во 2та минута го отвори и поведе со 1-0, екипата на Макстил веќе во следниот напад успеа да врати со погодок на Бојковски за 1-1. По оваа првична експлозија од погодоци екипите ја смирија играта ја зацврстија одбраната и шансата за погодок ја бараа преку брзи контра напади. Во финишот од полувремето екипата на Лукоил продолжи со силен притисок кон голот на Макстил но овие одлично ја поставија одбраната не дозволија лесна шанса за Лукоил па на паузата се замина со 1-1. Во второто полувреме се продолжи со егал натпревар двете екипи се обидуваа да дојдат до поволна ситуација за погодок, но голманите беа на ниво на задачата па изостануваа погодоци, како се ближеше крајот на натпреварот екипите го зголемуваа темпото на игра и настапуваа се поофанзвино. Во самиот финиш на натпреварот кога сите мислеа дека пеналите ќе бидат тие кои ќе го одлучат победниот Петар Лефков кај екипата на Лукоил успеа да го изненади противничкиот голман и на својата екипа да и го донесе бронзениот медал со резултат од 2-1.