С.Ц. Борис Трајковски 7-7(5-2) Лукоил
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 4’ 12’ 20’ Јован Димовски 14’ 25’ 40′ Оливер Китановски 20’
Лукоил: Марјан Цветковски 5’ владимир Секуловски 28’ Мартин Алаѓозовски 11’ 23’ Лоренцо Николовски 25’ 34’ Антонио Фенов 35’
Одлично прво полувреме за екипата на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со екипата на Лукоил, одлично го отворија натпреварот со погодок во 4та минута и водство од 1-0. На ова рано водство одговор спреми голманот на екипата на Лукоил, Цветковски со погодок во 5та минута и израмнување на резултатот. Кон средината на полувремето екипата на Лукоил преку Алаѓозовски успеа да реализира еден контра напад за водство од 1-2, по ова следуваа одлични две минути за екипата на С.Ц. Борис Трајковски во кои постигнаа два гола и направија целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Лукоил напаѓаше жестоко кон голот на С.Ц. Борис Трајковски со цел да дојде до израмнување.но ваквата отворена игра ја искористи С.Ц. Борис Трајковски за предност од 5-2 на полувремето. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Лукоил која со агресивна игра од минута во минута ја топеше предноста на С.Ц. Борис Трајковски за во 36та минута да успеа да дојде до целосен резултатски прессврт 6-7, во финишот на натпреварот екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да реализира преку Димовски за реми од 7-7.