Лукоил 11-3(6-1) Аптив
Лукоил: Александар Георгиевски 1”, Петар Лефков 5” 16”, Лоренцо Николовски 6” 27” 39” 39”, Горан Стојанов 14”, Иван Стојчев 18” 28”, Горан Стојанов 24”,
Аптив: Кире Стаматовски 10” 26”, Дамјан Хрдличка 40”
Екипата на Аптив натпреварот од Ф8 фазата против Лукоил го започна со голмaн-играч како би можела да оствари играч плус во делот на нападот. Лукоил потпирајќи се на свoето искуство имаше иста поставеност и го користеше својот голман како голман-играч уште во првата минута вроди со плод и преку истиот, Ѓорѓиевски, успеа да дојде до водство од 1-0. Натпреварот продолжи во висок ритам. Лукоил успеа да искористи грешка во додавањето на Аптив и да постигне два идентични гола, Лефков 5” и Николовски 6” што го принуди Аптив да побара тајмаут. По прекинот Аптив ги консолидира своите редови и успеа да намали на 3-1 но екипата на Лукоил направи притисок во предно поле и преку контра напади доаѓаше до отворени шанси за гол кои ги реализираше и од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот на полувремето изнесуваше 6-1.
Во второто полувреме екипата на Лукоил целосно ја превзеде иницијативата. Од минута во минута го контролираше натпреварот и го зголемуваше водството. Аптив со чести измени на голманската позиција се обидуваше да најде противигра за вечерва расположениот Лукоил кој потпирајќи се на своето искуство не дозволи изненадување, и го доби овој натпревар со 11-3.