Лукоил со одлична реализација до победа над Матрикс и влез во полуфинале

Лукоил 5-1(3-0) Матрикс

Лукоил: Горан Стојанов 36’ Иван Стојчев 19’ 20’ Лоренцо Николовски 35’ Петар Лефков 16’
Матрикс: Драган Брњарчевски 37’

Натпреварот помеѓу екипите на Лукоил и Матрикс беше вистинско дерби, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани за влез во полуфиналето. И на двете старни се играше со отворен фудбал со одлично одработени акции во делот на нападот. Во првото полувреме се играше егал натпревар се до 16та минута кога Петар Лефков успеа да му донесе водство на Лукоил од 1-0. Во самиот финиш од полувремето Стојчев со одлична реализација и два гола во низа 19та и 20та минута му донесе водство на Лукоил од високи 3-0 за ваков натпревар. Второто полувреме и двете екипи го започнаа со стандардните постави во 35та минута Николоски кај Лукоил со гол го зголеми водството на 4-0, веднаш му се приклучи и Стојчев по нецела минута преку кој дојдоа до високи 5-0. Екипата на Лукоил остана со играч помалку ова го искористи Матрикс и преку Брњарчевски намали на 5-1. Во остатокот на натпреварот екипата на Матрикс се обидуваше да најде против игра за играта на Лукоил но не успеа во тоа па Лукоил го доби овој натпревар со 5-1.