Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Аптив

Аптив 5-13(2-3) Лукоил
Аптив: Иле Трајковски 2”, Владимир Јовановски 20”, Никола Ќамилов 30” 38”, Дамјан Хрдличка 37”
Лукоил: Димитар Иванов 5” 11” 15” 26”, Горан Стојанов 27”, Александар Георгиевски 28” 32” 40”, Петар Лефков 31”, Андреј Симоновски 34”, Гоце Мојсоски 36” 39”, Лоренцо Николоски 39”

Крајно израмнето прво полувреме изиграа екипите на Аптив и Лукоил. Прва до водство дојде екипата на Аптив преку Трајковски во најраната фаза од натпреварот, 2-ра минута. Екипата на Лукоил по примениот гол успеа да се соземе и по неполни две минути преку Иванов 5” да израмни на 1-1. Аптив заигра поцврсто во одбраната како не би дозволила Лукоил да влезе во ритам. Но Лукоил во своите редови го имаше расположениот Иванов кој со два последувателни гола му донесе водство на Лукоил од 1-3. Кај Аптив во самиот финиш од првото полувреме Јовановски постигна гол за да ја намали предноста на 2-3.
Во второто полувреме екипата на Лукоил со чести измени наметна висок ритам на игра. Во ваквиот ритам Аптив не можеше да одговори па Лукоил од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Аптив се обидуваше да фати резултатски приклучок но Лукоил не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 5-13.