Лукоил 6-0(2-0) Аџибадем Систина
Лукоил: Александар Георгиевски 32’ Иван Стојчев 24’ 29’ Петар Лефков 6’ 17’ 31’
Првиот полуфинален натпревар за влез во големото финале го одиграа екипите на Лукоил и Аџибадем Систина. И двете екипи максимално мотивирани влегоа во овој натпревар знаејќи дека немаат право на грешка, тренерот Васко Стефанов од екипата на Лукоил натпреварот го започна со голман играч, додека пак тренерот на Аџибадем Систина Амел Аломеровиќ се одлучи неговата екипа да настапи со стандарден состав како би можел да ја игра својата препознатлива игра. Во раната фаза од натпреварот екипата на Лукоил преку Лефков успеа да поведе со 1-0, по само неколку минути по груб старт екипата на Лукоил остана со играч помалце ова Систина не успеа да го казни по што следеше офанзива на Лукоил кој преку вториот погодок на Лефков дојде до предност од 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме Лукоил со пресинг игра уште на самиот старт преку Стојчев успеа да зголеми на 3-0. Систина се обидуваше да се врати во натпреварот со чести измени и воведување на голман играч со цел да створи вишок во нападот. Но Лукоил не дозволи изненадување од минута во минута ја зголмуваше својата предност која на крајот од овој натпревар изенсуваше високи 6-0.