ТАВ 6-11(4-3) Лукоил
ТАВ: Марио Симич 3’ 17’ 19’ 29’ Тодорце Насковски 36’ Горан Павловски 13’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 18’ 24’ 28’ 37’ Гоце Мојсовски 12’ Лоренцо Николовски 19’ 38’ 40’ Антони Фенов 30’ 33’ 39’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Лукоил, екипата на ТАВ беше таа која во почетокот од полувремето ја превзема иницијативата и го отвори натпреварот со погодок во 3та минута. Кон средината на полувремето односно 12та минута екипата на Лукоил со голот на Мојсовски успеа да израмни на 1-1. Следуваше брз одговор на ТАВ со погдок во 13та минута за повторно водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Тав имаше повеќе од играта па на полувреме отиде со заслужена предност од 4-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил започна со жесток притисок кон голот на ТАВ што им донесе израмнување во 24та минута. Овој погодок им даде силен мотив да продолжат со таквото темпо на игра што им донесе предност во 28та минута 4-5. И покрај обидите на ТАВ резултатски да се врати во игра во овој натпревар, екипата на Лукоил не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 6-11.