Лукоил со пресинг во предно поле до победата над Аџибадем Систина

Лукоил 6-2(2-2) Аџибадем Систина

Лукоил: Александар Георгиевски 19’ Горан Стојанов 33’ Лоренцо Николоски 25’ Петар Лефков 6’ 40’ Димитар Иванов 21’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 9’ 20’

Одличен старт на двете екипи во дуелот помеѓу Лукоил и Аџибадем Систина, двете екипи започнаа со отворена игра и акцент ставен на нападот. Екипата на Лукоил прва го отвори резултатот со погодокот на Лефков во 6та минута од полувремето, ова ја примора екипата на Систина да започне со нешто поагресивна игра и да дојде израмнување во 9та минута со погодокот на Димковски. Во остатокот од полувремето двете екипи продолжија со цврста игра и силен притисок кон противничките голови. Екипата на Лукоил преку голманот Георгиевски во 19та минута од полувремето успеа да го изненади противникот и да поведе со 2-1, на што следеше брз одговор од Аџибадем Систина преку Димковски за резултат од 2-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Лукоил одма започна со силен пресинг во предно поле што им донесе водство во 22та минута со погодокот Иванов. Екипата на Лукоил продолжи со одлично темпо на игра и од минута во минута го зголемуваше водството, екипата на Аџибадем Систина се обидуваше со измени на играчите во ротација резултатски да се врати во натпреврот но Лукоил одлично ја постави играта во одбраната ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар славеше со 6-2.