Лукоил 9-2(2-0) ЈСП
Лукоил: Иван Стојчев 1’ 35’ Горан Стојанов 18’ 35’ 37’ 38’ 40’ Лоренцо Николовски 30’ 34’
ЈСП: Сабит Хусеини 37’
Првиот полуфинален натпревар за влез во Ф4 фазата го отворија екипите на Лукоил и ЈСП. Екипата на Лукоил буквално во 10та секунда од натпреварот успеа со удар од далечина да го изненади противникот и да поведе со 1-0. По не цела минута екипата на ЈСП по груб старт остана со играч помалце, екипата на Лукоил не успеа да ја искористи оваа предност по што се влезе во егал натпревар. Се играше крајно израмнето и на двете страни и двете екипи одлично го затвараа приодот до својот гол. Во самиот финиш од полувремето екипата на Лукоил преку контра напад успеа да створи вишок во нападот и преку маестрален гол на Стојанов поведе со 2-0. Во второто полувреме и двете екипи играа доста цврсто се играше егал се до средината на вторто оплувреме кога екипата на Лукоил ја притисна екипата на ЈСП во предно поле и ги искористи буквално сите грешки во нивните подавања преку кои доаѓаше до отворени шутеви кон противничкиот гол. Па така од минута во минута екипата на Лукоил го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше максимални 9-1.