Лукоил ја задржа предноста од првото полувреме за победа над Нетцетера

Лукоил 2-1(2-1) Нетцетера
Лукоил: Горан Стојанов 10”, Петар Лефков 20”
Нетцетера: Дарко Ристовски 17”

Во рамките на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија во “Б” групата го натпреварот фо отворија екипите на Лукоил и Нетцетера. И двете екипи натпреварот го започнаа доста офанзивно со притисок во предно поле на двете страни. Во првото полувреме прва до водство дојде екипата на Лукоил преку Стојанов 10” кој му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Нетцетера набрзо успеа да ги консолидира своите редови и преку Ристовски го израмни резултатот на 1-1. Се играше егал натпревар се до финишот од полувремето кога Лефков кај Лукои постигна погодок за водство од 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме се играше цврста одбрана и на двете страни. И двете екипи имаа одлична поставеност со што не му дозволуваа на противникот да дојде до отворен шут кон голот. Ваквата игра траеше во текот на целото второ полувреме. Екипата на Нетцетера се обидуваше со чести замени да го одржи високиот ритам како би можела да го изненади Лукоил, но Лукоил потпирајќи се на своето искуство ја задржа предноста стекната во првото полувреме па на крајот славеше со конечен резултат од 2-1.