Макпетрол со победа над Макстил до финале

Макпетрол 3-0(1-0) Макстил

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 12’ Никола Секулоски 36’ Марко Костенцовски 37’

Во првиот полуфинален дуел го одиграа екипите на Макпетрол и Макстил, двете екипи влегоа во овој натпревар силно мотивирани за влез во финалето. Екипите настапија со офанзивен фудбал и акцент ставен на играта во нападот, екипитата на Макпетрол на почетокот на дуелот имаше поконкретни шанси за погодок а екипата на Макстил со брзи контра напади се обидуваа да го изненадат противникот. Екипата на Макпетрол преку одличниот погодок на Ѓоргиоски во 12та минута од натпреварот го отвори резултатот, ова ја примора екипата на Макстил да настапи малце поофанзивно и да почен да се заканува кон противничкиот гол. Екипата на Макстил до крајот на полувремето вршеше силен притисок кон голот на Макпетрол но тие одлично ја поставија играта во одбраната и не дозволија погодок па на паузта се замина со резултатот од 12та минута 1-0 во корист на Макпетрол. На стартот на второто полувреме екипата на Макстил продолжи со силен притисок кон голот на Макпетрол, се играше цврст фудбал на двете страни. Екипата на Макпетрол ја искористи отворената игра на Мастил за во завршницата од натпреварот преку Секуловски да го зголеми водството на 2-0, а со погодокот на Костенцовски да стави точна на овој натпревар и да си обезбеди влез во финалето со резултат од 3-0.