Леар 3-5(2-1) Макстил
Леар: Марјан Ѓорѓиески 4’ Тоше Зафировски 18’ Робертино Златевски 25’
Макстил: Ѓоргија Атанасов 11’ 27’ 28’ Александар Божинов 39’ Лазев Мартин 40’
Одличен почеток за екипаа на Леар во дуелот со Макстил, тие уште во раната фаза од полувремето со одлично изработена акција која започна од голманот Смилевски а ја круниса Ѓорѓиески дојдоа до водство од 1-0. Екипата на Макстил кон средината на полувремето го подигна темпото на игра и со погодок на Атанасов од далечина успеа да израмни на 1-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Леар успеа да реализира преку Зафировски за водство од 2-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра екипата на Леар преку еар преку Златески зголеми на 3-1 но имаше ни неколку сигурни шанси што не ги искористи па следуваше казна од екипата на Макстил преку денес расположениот Атанасов кој со два погодоци во низа успеа да и донесе на својата екипа израмнување на 3-3. Во финишот од натпреварот екипата на Макстил успеа да ја изненади одбраната на Леар и преку Александар Божинов успеа да дојде до целосен резултатски пресврт, а точна на натпреварот стави Мартин Лазаев кој во последната минута од натпреварот ја осигура победата со резултат од 3-5.