Матрикс 6-2(1-1) LC Waikiki
Матрикс: Тони Брњарчевски 4’ Даниел Боневски 31’ Антонијо Богдановски 33’ Предраг Стоимировиќ 33’ 40’ Ивица Алампиоски 37’
LC Waikiki: Бесмир Рџепи 6’ Ергин Алими 24’
Екипите на Матрикс и LC Waikiki го започнаа овој натпревар со цврста игра пред се во делот на одбраната. Се играше доста агресивно, и на двете страни екипите не дозволуваа да се развие игра која ќе го загрози противничкиот гол. Во ваквата поставеност и на дете страни се доаѓаше до изгледни ситуации преку контра напади. Прва до водство дојде екипата на Матрикс преку Брњарчевски 4’ но веднаш по него кај LC Waikiki возврати Бесмир Реџепи за 1-1, rезултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме кај LC Waikiki беше воочлива слабата физичка подготвеност. Ова го искористи екипата на Матрикс и со пресинг по целиот терен успеа да дојде до водство од 2-1 преку Даниел Боневски 31’. Од минута во минута со истата стратегија го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 6-2.