Минатогодишниот шампион имаше одличен почеток против екипата на Аптив

Аптив 0-10(0-5) Лукоил

Лукоил: Горан Стојанов 3’ 5’ Лоренцо Николовски 4’ 14’ Александар Ѓорѓиевски 16’ 21’ Петар Лефков 25’ 30’ 30’ Иван Стојчев 30’

Есенскиот дел од Бизнис Лигата го отворија екипите на Аптив и Лукоил преставници од А групата. Уште од самиот старт екипата на Лукоил наметна високо темпо на игра што им донесе рано водство уште во 3та минута од полувремето. По ова рано водство екипата на Аптив се обиде со нешто поотворена игра резултатски да се врати во натпреварот, но ова го искористи Лукоил за зголемување на водството кое до полувремето изнесуваше 0-5. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра, екипата на Аптив не можеше да најде против игра за расположениот Лукоил. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил од минута во минута го зголемуваше своето водство за на крајот да слави со убедливи 10-0.