Нухиу со 6 погодоци и ја донесе победата на УНИКА во дуелот со Тиквеш

УНИКА 7-3(3-0) Тиквеш

УНИКА: Арбен Нухиу 1’ 3’ 20’ 23’ 28’38’ Донард Бајрами 36’
Тиквеш: Александар Ристевски 29’ Делчо Кировски 30’ Амар Елмази 35’

Екипата на УНИКА уште на самиот старт од натпреварот имаше одличен почеток во дуелот против екипата на Тиквеш. Екипата на УНИКА уште во првата минута од натпреварот успеа да дојде до водство од 1-0, во раната фаза од полувремето екипата на УНИКА продолжи со притисок кон голот на Тиквеш и успеа да го зголеми водството со вториот погодок на Нухиу. Кај екипата на Тиквеш беше воочлива кратката клупа и немањето играч повеќе што УНИКА вешто го искористи за со високо темпо на игра успева да го зголемува водството кое до полувремето изнесуваше 3-0. Во второто полувреме кај УНИКА блесна Нухиу кој од минута во минута го зголемуваше водството на својата екипа кое до 28та минута изнесуваше високи 5-0. Екипата на Тиквеш успеа да возврати и да ја намали резултатската негатива со погодоците на Ристевски Кировски и Елмази дојде до само два погодоци негатива и резултат од 5-3 во 35та минута од натпреварот. Сепак екипата на УНИКА до крајот на натпреварот успеа да ја сочува предноста и зголеми предноста ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот од овој натпревар славеше со 7-3.