Окта 3-2(0-0) НЛБ Банка
Окта: Наум Костовски 29’ Владислав Илиќ 30’ Мартин Мијалковски 40′
НЛБ Банка: Филип Блажевски 37’ Милош Денковски 22’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Окта и НЛБ Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со цврста игра во која акцентот беше ставен на добрата одбрана го започнаа ова полувреме. Во ова прво полувреме имаа по неколку одлични шанси за погодок но голманите беа да ниво на задачата па нивните мрежи мируваа. Екипата на НЛБ Банка по груб старт остана со играч помалце кој екипата на Окта не успеа да го искористи па на полувремето се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка ја превзема иницијативата и со погодок на Денковски во 22та минута успеа да дојде до предност од 0-1. Ова ја примора екипата на Окта да го подигне темпото на игра што донесе резултат во 29та минута кога Костовски успеа да го израмни резултатот на 1-1. Само минута подоцна кај Окта стрелаше Илиќ за целосен резултатски пресврт во овој натпревар и водство од 2-1. Екипата на НЛБ Банка во финишот од натпреварот успеа да го израмни резултатот на 2-2 со погодокот на Блажевски во 37та минута и да ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница Мијалковски од пенал во последната секунда и ја донесе победата на екипата на Окта.