Аптив 4-7(2-4) Окта
Аптив: Иле Трајковски 19”, Кире Стаматовски 20” 31” 32”
Окта: Иван Димитриевски 8”, Александар Јовчевски 17” 18”, Наум Костовски 20”, Владислав Илиќ 30” , Бојан Станковиќ 37” 38”
Натпреварот помеѓу екипите на Аптив и Окта започна со отворена игра на двете страни. Во првата половина од првото полувреме и двете екипи играа мирно во делот на нападот со цврста одбрана преку која ги затвoраа приодите кон противничкиот гол. Екипата на Окта во 8” преку Димитриевски дојде до водство од 0-1. Овој резултат стоеше на семафорот се до самиот финиш на полувремето кога Јофчевски со два последователни гола 17” и 18” и донесе водство на Окта од 0-3. Пред самиот крај од првото полувреме екипата на Аптив преку Трајковски намали на 2-4.
Во второто полувреме кај екипата на Аптив проработе Стаматовски кој имаше своја вечер и беше расположен пред се во делот на нападот каде што со одлична реализација успеа да постигне три гола и да ја врати неизвесноста на овој натпревар. Екипата на Окта со тимска игра успеа да ги консолидира своите редови и повторно да дојде до водство од 4-6.