Осврт на второто коло од Бизнис Лигата на Македонија

Марко Костенцовски (Макпетрол) (најдобар петти играч)

Allround играчи на второто коло:Виктор Валканчев (ЕВН), Бенјамин Граница (Уника), Стефан ДИмовски (Алкалоид), Горан Манов (Систина), Петре Даиловски (Матрикс)

Макпетрол (екипа на второто коло)

….
Во рамките на второто коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 12 натпревари.
Во првиот натпревар од второто коло некомплетниот Еуро Табак не можеше да му парира на Матрикс
Второто коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Матрикс и Еуро Табак, првата фаза од полувремето помина со високо темпо на игра каде и двете екипи се предодредија за отворен фудбал без многу тактика. Кон средината на полувремето екипата на Матрикс започна со жесток притисок кон противничкиот гол што резултираше со погодок во 16та минута. Екипата на Еуро Табак иако не настапи во полн состав со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот.До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да постигне два погодоци за резултат 3-0 со кој и се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак започна со поофанзивна игра и успеа да створи неколку зрели шанси за погодок но имаа слаба реализација која не им дозволи да го намалат водството од полувремето. Екипата на Матрикс до крајот на овој натпревар ја имаше целосно контролата на играта и на резултатот. Натпреварот заврши со убедливи 6-1 за екипата на Мактрикс.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Антонио Богдановски 20’ Мирко Богески 16’ 36’ Петре Даиловски 36’ 37’ Ивица Алампиоски 19’
Еуро Табак: Шенол Дурак 35’

Макпетрол со одлична игра дојде до победа над Пекабеско
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Макпетрол, екипата на Макпетрол одлично го отвори овој натпревар со погодок постигнат во втората минута. Овој брз погодок ја сруши целата концепција на игра кај екипата на Пекабеско по што следуваше канонада кон нивниот гол. Пекабеско не успеваше да најде против игра за денес разиграниот Макпетрол. На полувремето се замина со резултат од 7-1. Екипата на Пекабеско се обиде со чести измени да фати резултатски приклучок но вечерва голгетерски расположениот Макпетрол не дозволи никакво изненадување па мирно го приврши овој меч кој заврши со високи 1-15 за Макпетрол
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Александар Спасевски 10’
Макпетрол: Игор Стојковски 2’ 15’ 17’ 20’ 34’ 38’ 39’ Мишо Ѓорѓиевски 9’ 25’ Марко Костенцовски 7’ 11’ 34’ 36’ Ибраим Исмаили 22’ Виктор Доневски 23’

Алкалоид со голман играч дојде до победа над Окта
Натпреварот помеѓу Алкалоид и Окта одлично започна за екипата на Окта која во 2та минута со својот голман играч Драганче Стојановски успеа да постигне еврогол за водство од 1-0. Овој рано постигнат погодок им даде дополнителен мотив на играчите на Окта кои буквално се растрчаа на целиот терен и во 7та минута успеаа да го зголемат водството на 2-0. Кон средината на полувремето се разбуди екипата на Алкалоид која започна со агресивна игра и пресинг во предно поле што им донесе израмнување на 2-2 во 15та минута. До крајот на полувремето резултатот остана непроменет. Во второто полувреме се играше со висок ритам и на двете страни шанси, за одбележување на ова полувреме се голманските интервенции кои ги сочуваа своите мрежи мирни се до 30та минута со што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Екипата на Алкалоид последните минути ги одигра со голман играч што вроди со плод во 34та минута со 2 последователни гола и дојде до целосен пресврт благодарение на која го доби овој натпревар со конечни 5-2.
Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Стефан Димовски 8’ 34’ 34’ Бобан Митевски 15’ Оливер Христовски 36’
Окта: Драганче Стојановски 2’Славчо Стојковски 18’

Вип со сигурна игра дојде до победа над Мепсо
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Вип и Мепсо, двете екипи уште на самиот старт започнаа со отворена игра со што се створија многу прилики за гол. Екипата на Вип во 7та минута преку Спасевски успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По овој погодок екипата на Вип го успори темпото на игра и ги затвори приодите кон својот гол. Екипата на Мепсо со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување особено со удари од далечина но Вип успеа да одолее на овој притисок и да го добие првото полувреме со 1-0. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра, екипата на Вип на стартот постигна погодок за водство од 2-0, но екипата на Мепсо направи неколку измени во играчкиот кадар и во 24та минута постигна погодок за резултатски приклучок во натпреварот. Вип веднаш одоговори и го зголеми водството на 3-1 резултат кој успеа да го сочува до крајот на натпреварот.
Стрелци на головите беа:
Вип: Никола Спасевски 7′ Иле Никодиновски 22′ Мартин Ангеловски 24′
Мепсо: 24′

\tabela

Во неизвесна завршница ЈСП стигна до победа над Фабрика Карпош – ГИМ
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Фабрика Карпош – ГИМ, прва во водство дојде екипата на Фабрика Карпош уште во 4та минута. Екипата на ЈСП брзо одговори на ова водство во 6та минута и успеа да го израмни резултатот. По ова израмнување екипата на ЈСП доби дополнителен мотив, успеа да направи целосен пресврт, а во 14та минута успеа да стекне солидна предност од 4-1. Во 16та минута екипата на ЈСП направи грешка во одбраната по што беше досуден пенал кој Божиков го реализира за резултат од 4-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош започна со поагресивна игра и вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, тоа вроди со плод кон средината на полувремето кога успеаа резултатски да се вратат во игра и да го внесат овој натпревар во неизвесна завршница. Сепак екипата на ЈСП одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа да ја казни напаѓачката игра на Фабрика Карпош и да го добие овој натпревар со 6-5
Стрелци на головите беа:
ЈСП:Љупчо Павловски 6′ Даниел Антовски 9′ 13′ 31′ Сабит Хусеини 15′ Дејан Блажевски 38′
Фабрика Карпош – ГИМ: Ѓорѓи Божиков 4′ 25′ Александар Божиков 16′ Кристијан Панев 34′ Бејан Моукоч 40′

Сава Осигурување го издржа притисокот во второто полувреме и го доби дуелот со LC Waikiki
Екипата на Сава Осигурување одлчно го започна дуелот против LC Waikiki, со рано водство во 2та минута воспоставија целосна контрола на теренот. Екипата на LC Waikiki со чести измени во играчкиот кадар се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во одбраната не дозволи да прими погодок а како одминуваше времето преку контра напади успеваа да го зголемуваат водството за 4-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki фрли се на една карта – нападот со цел да го намали високото водство од полувремето, тоа им успеа во 29та минута во која постигнаа два погодоци со што фатија резултатски приклучок и ги направија последните минути поинтересни. Екипата на Сава Осигурување не и дозволи на екипата на LC Waikiki да им направи поголем проблем па го добија овој натпревар со конечни 6-4.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Андреј Китановски 2′ 4′ Ивица Минов 18′ Коста Глигуровски 20′ Кристијан Лешков 30′ Данило Поповски 32′
LC Waikiki: Армин Дрпљанин 33′ Алојз Перхај 29′ Енес Ариф 29′ 33′

ЕЛЕМ со одлична игра дојде до победа над Лукоил
Изедначено прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Лукоил, екипата на ЕЛЕМ во 3та минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. Сепак екипата на Лукоил за кратко време резултатски се врати во игра со одличниот погодок на својот голман Цветковски. По овие рано постигнати погодоци се водеше жестока борба на теренот, играта главно се одвиваше на средината на теренот а играчите со удари од далечна се обидуваа да створат предност на својата екипа. На полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме се продолжи со жесток ритам на игра и со многу борба по целиот терен. Екипата на Лукоил ја превзема иницијативата и имаше повеќе од играта, но сепак екипата на ЕЛЕМ одлично ја имаше поставено играта во одбрана и со повремени контра напади успеваше да упати закана кон голот на Лукоил. Во 28та минута од натпреварот екипата на ЕЛЕМ успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1, по ова следуваше силен притисок од страна на Лукоил која се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на ЕЛЕМ беше на висина на задачата и успеа да го задржи водството и да го добие овој натпревар со 2-1.
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Горан Николовски 3′ Влатко Петровски 28′
Лукоил: Маријан Цветковски 7′

strelci

Џонсон Мети беше убедлив во дуелот со Борис Трајковски
Првото полувреме од натпреварот помеѓу Борис Трајковски и Џонсон Мети му припадна на Џонсон Мети, тие уште во раната фаза на полувремето успеаа да ја наметнат својата игра и успеаа да постигнат неколку брзи погодоци за комотно водство. Екипата на Борис Трајковски со чести измени во ова полувреме се обидуваше да ја најде својата игра но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола на теренот па на полувремето замина со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на Борис Трајковски направи промена во тактиката и во своите редови внесе голман играч што вроди со плод со неколку погодоци и успеа да фати резултатски приклучок за да го направи остатоткот од натпреварот поинтересен. Сепак екипата на Џонсон Мети умешно ја искористи напаѓачката формација на Борис Трајковски и преку контра напади успеваше да казни за на крај убедливи 3-7.
Стрелци на головите беа:
Борис Трајковски: Горан Андоновски 32′ Јане Мицевски 24′ Јован Димовски 34′
Џонсон Мети: Бонан Ристов 3’14′ Бојан Дејановски 4′ 9′ 28′ Благоја Блажевски 22′ Христијан Стојановски 31′

Македонски Телеком со пресврт дојде до победата во дуелот со Гранит
Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу екипите на Македонски Телеком и Гранит помина во одмерување на силите, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Кон средината на полувремето екипата на Гранит по еден кикс на голманот на Телеком успеа да го отвори резултатот за водство од 0-1. По овој погодок екипата на Македонски Телеком го подигна темпото на игра и се префрли на противничката половина вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување во што успеа во последната минута од полувремето. На паузата се замина со 1-1. На стартот од второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт на натпреварот, по овој погодок екипата на Гранит тргна со сите сили кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување што ги остави ранливи во одбраната па Телеком преку контра напад го зголеми водството на 3-1. До крајот на полувремето и двете екипи постигнаа по два гола па на крајот натпреварот заврши со конечни 5-3.
Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Даниел Анчевски 20′ 21′ 37′ Стефан Наскоски 24′ 38′
Гранит: Стефан Тевдовски 12′ Дарко Стојановски 27′ Дарко Петров 39′

slika

Трајковски со гол во полседната минута и ја донесе победата на Систина во дуелот со Маркарт
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Маркарт и Систина, уште на самиот старт екипата на Маркарт ја превзема иницијативата и тргна жестоко кон голот на Систина. Искусната екипа на Систина знаеше да ја казни таквата офанзивна игра на Маркарт и во 9та минута успеа да реализира контра напад за водство од 0-1. Во 12та минута по еден кикс на одбраната на Систина беше досуден пенал во корист на Маркарт кој го реализираа за израмнување на резултатот на 1-1. До крајот на полувремето двата тима беа претпазливи во одбраната, сепак екипата на Маркарт во 19та минута реализира за водство од 2-1 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок за израмнување, овој погодок им даде дополнителен мотив за веќе во наредната минута да успеат да направат целосен резултатски пресврт. Екипата на Маркарт направи неколку промени во тимот и со сите сили тргна кон нападот, во 38та минута успеаа да постигнат гол за израмнување И кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите екипата на Систина преку Трајковски во последните секунди од натпреварот успеаа да реализираат и да ги однесат бодовите со резултат од 4-3.
Стрелци на головите беа:
Маркарт: Пеце Стојановски 12′ 19′ Мартин Стојанов 38′
Аџибадем Систина: Горан Манов 9′ 25′ Далибор Дамјановиќ 24′ Никола Трајковски 40′

ЕВН доминираше во дуелот со Искрател Груп
Првото полувреме од натпреварот помеѓу ЕВН и Искрател Груп му припадна на екипата на ЕВН. Екипата на Искрател Груп со чести замени до средината од полувремето држеше резултатски баланс. Во недостаток на играчи во ротација и пад на концентрацијата екипата на ЕВН притисна во предно поле и успеа да дојде до високи 5-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп се обидуваше со сите сили да се врати резултатски во игра но екипата на ЕВН имаше целосна контрола врз играта за на крајот да слави со убедливи 10-3.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Бојан Маџоски 26’29′ Томи Илиевски 17′ Бојан Симоновски 16’17′ Бојан Тодоровски 20′ Виктор Валканчев 22’23’36′ Димитар Димовски 10′
Искрател Груп: 11′ 35′ Петар Митровски 38′

Уника со предноста од првото полувреме обезбеди победа над Уни Банка во последниот натпревар од второто коло
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Уника, во првата фаза екипата на Уника која имаше повеќе од играта успеа во 8та минута да го отвори резултатот на 1-0. Кон средината на полувремето екипата на Уника искористи грешка во одбраната на Уни Банка и го зголеми водството на 2-0. Сепак екипата на Уни Банка не се предаваше и во 16 минута со одличен погодок на Хаџидинев успеа резултатски да се врати во игра, минута подоцна преку Ташков за 2-2. Екипата на Уника преку расположениот Граинца а потоа Нухиу во последната минута успеа да го врати водството за 4 -2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка фрли се на една карта и со сите сили тргна во нападот успеаа да постигнат погодок резултатски да се вратат во игра и да го направат остатокот од натпреварот неизвесен. Сепак екипата наУника искусно успеа да го приведе мечот до крај иако последните две минути играа со играч помалце. Натпреварот заврши со резултат од 3-4.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Владислав Хаџидинев 16′ Марко Ташков 17′ Александар Кузинаков 31′
Уника: Бенјамин Граинца 3′ 16′ 18′ Бесими Хухиу 20′

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Игор Стојковски (Макпетрол) 7 гола
– Даниел Антовски (ЈСП) 3 гола
– Даниел Анчевски (Македонски Телеком) 3 гола
– Бојан Дејановски (Џонсон Мети) 3 гола
– Марко Костанчевски (Макпетрол) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Виктор Валканчев (ЕВН), Бенјамин Граница (Уника), Стефан ДИмовски (Алкалоид), Горан Манов (Систина), Петре Даиловски (Матрикс)

Екипа на колото: Макпетрол
Тренер на колото: Јовица Илиевски (ЈСП)
Голман на колото: Бојан Саздовски (Систина)