Осврт на дваесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на дваесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни единаесет натпревари полни со пресврти, изненадување и прекрасни погодоци


Во првиот натпревар Џонсон Мети со цврста одбрана дојде до победа над L.C. Waikiki
Дваесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на L.C. Waikiki и Џонсон Мети.
Екипата на Џонсон Мети одлично го отвори натпреварот со L.C. Waikiki со погодок во 4та минута, следуваше одговор на екипата на L.C. Waikiki со погодок во 8та минута и израмнување на резултатот. По овие воведни минути екипата на Џонсон Мети ја превзеде контролата врз натпреварот и до 15та минута успеа да се стекне со водство од 4-1. До крајот на полувремето екипата на L.C. Waikiki се обидуваше да го намали водството на Џонсон Мети и во тоа успеа во 18та минута со голот на Амети за резултат од 2-4 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на L.C. Waikiki успеа да постигне погодок за намалување на водството, што и даде дополнителен мотив на екипата на L.C. Waikiki да тргне пожестоко кон голот на Џонсон Мети, Но таквата отворена игра ја остави нивната одбрана ранлива што екипата на Џонсон Мети знаеше преку контра напади да го казни за победа на овој натпревар со високи 3-11.

Стрелци на головите беа:
L.C. Waikiki: Зуфер Зумбери 27’ Мухамед Амети 18’ Стефан Цветановски 8’
Џонсон Мети: Даниел Стојановски 38’ Бојан Дејановски 9’ 15’ 39’ Мартин Николовски 38’ Бране Стојановски 4’ 29’ Благоја Божиновски 32’ 35’ Бобан Ристовски 34’ Александар Недев 15’

Во натпревар полн со пресврти Лукоил беа поуспешни од Вип
Одлични воведни минути на натпреварот ни приредија екипите на Вип и Лукоил, видовме рано водство на екипата на Лукоил уште во 3та минута со голот на својот голман Цветковски, Неколку минути подоцна и водство од 0-2 со голот на Зиков. По ова следуваа одлични минути за екипата на Вип која за само неколку минути успеа да постигне 3 погодоци и да направи целосен резултатски пресврт. Сепак екипата на Лукоил со голот на Алаѓозовски кон средината на полувремето успеа да реализира за уште едно израмнување и да ги направи преостанатите минути од полувремето супер интересни. Сепак до крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да искористи грешки во одбраната на Вип и да дојде до предност од два гола 3-5 резултат со кој заминаа на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, на стартот на полувремето екипата на Лукоил успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-6, но екипата на Вип не се одткажуваше од овој натпревар па реализираше за намлалување на разликата. Овој погодок им даде дополнителен мотив да тргнат уште пожестоко кон голот на Лукоил и со сите сили да се обидат да се вратат во натпреварот , но Лукоил не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 5-7.

Стрелци на головите беа:
Вип: Ненад Богдановиќ 9’ Јовица Наумовски 35’ Мартин Тодоровски 11’ Никола Спасевски 7’ Васко Дојчинов 24’
Лукоил: Марјан Цветковски 3’ Александар Аврамовски 19’ Дејан Зиков 6’ Мартин Алаѓозовски 12’ 16’ 23’ Антонио Фенов 40’

Матрикс со сигурна игра дојде до победа над ЕВН
Прво полувреме во висок ритам на игра ни прикажаа екипите на ЕВН и Матрикс, уште на стартот и двете екипи се определија со офанзивен стил на игра што резултираше со шанси за погодок и на двете страни. Кон средината на полувремето екипата на Матрикс успеа да реализира еден контра напад преку Богевски за водство од 0-1. По ова екипата на ЕВН се префрли на противничко поле и се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да створат неколку шанси но имаа слаба реализација па на полувреме се замина со резултат од 0-1. На стартот на вториот дел екипата на Матрикс со голот на Даиловски успеа да го зголеми водството на 0-2, по ова екипата на ЕВН не и преостана ништо дуруго освен да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива. Таквата офанзивна игра остави многу празнини во нивната одбрана што екипата на Матрикс знаеше да ги казни па на крајот да го добие овој натпревар со 0-4

Стрелци на головите беа:
Матрикс: Антонио Богдановски 40’ Мирко Богевски 11’ Петре Даиловски 23’ 40’

WP Data Tables

Алкалоид со одличен финиш дојде до победа над Македонски Телеком
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Алкалоид, прва во водство дојде екипата на Телеком во 4та минута со голот на Костовски следуваше брз одговор на екипата на Алкалоид со голот на Ристевски и израмнување во 5та минута. Во средината на полувремето екипата на Алкалоид успеа да реализира еден контра напад за целосен пресврт во натпреварот. По ова следуваа одлични минути за екипата на Телеком кои со двата гола на насковски успеа повторно да ја врати резултатската предност, сепак во последните секунди од полувремето Ристевски стрелаше за Алкалоид и израмнување на резултатот 3-3. Во второто полувреме и двете екипи се определија за позатворена варијанта и повеќе беа сконцентрирани на одбраната, во фаза на напад тие се обидуваа со соло акции и удари од далечина да направат нешто повеќе. Во втората фаза од полувремето и припадна на екипата на Алкалоид која само за неколку минути успеа да постигне три погодоци и направи предност недостижна за екипата на Телеком која денеска беше со скратена клупа и практично без замена. Алкалоид го доби овој натпревар со резултат од 4-7

Стрелци на головите беа:
акедонски Телеком: Михајло Лазаревски 38’ Стефан Насковски 13’ 15’ Наум Костовски 4’
Алкалоид: Даниел Ристевски 5’ 20’ 36’ Бобан Митевски 12’ Илија Арсовски 36’ 39’ Даниел Митич 34’

Уни Банка немаше доволно сили за пресврт во дуелот со ЈСП
Екипата на ЈСП одлично го отвори дуелот со екипата на Уни Банка со погодокот на Крстевски во 2та минута, ова рано водство на екипата на ЈСП ја примора екипата на Уни Банка да тргне поофанзивно со цел да дојде до ирамнување, тие успеаа да создадат неколку одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација. Екипата на ЈСП одлично ја контролираше играта во ова полувреме па успеа да замине со предност од 0-2 на паузата. Во второто полувреме екипата на Уни Банка тргна со сите сили по израмнување, екипата на ЈСП со одлично поставена игра во одбраната успеа да одолее на почетните напади во ова полувреме. Како одминуваше времето екипата на Уни Банка стануваше се поагресивна па во последните минути од натпреварот успеа да постигне два погодоци и да дојде до само гол негатива со што ја нарправи завршницата неизвесна. Сепак екипата на ЈСП не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 2-3.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ангел Петков 36’ Марко Ташков 38’
ЈСП: Томи Петковски 27’ Гоце Крстевски 2’ 20’

Рамстор со Арслан на голот до победа над Гранит
Динамично прво полувреме во висок ритам на игра ни прикажаа екипите на Рамстор и Гранит, прва до водство дојде екипата на Гранит во 9та минута со голот на Тевдовски. По ова екипата на Рамстор се префрли на противничка половина и за само неколку минути поточно, во 12та минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. Ова изеначување и даде дополнителен мотив на екипата на Рамстор која до полувремето успеа да направи одлична серија па на паузата заминаа со предност од 5-2. Во второто полувреме екипата на Гранит со сите сили се обиде да ја намали разликата од полувремето, но Рамстор на голот го имаше одличниот Ведат Арслан кој со своите интервенции не дозволи на Гранит резултатски да се доближи. Во остатокот на полувремето екипата на Рамстор прикажа одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше предноста за конечна победа од 9-3.

Стрелци на головите беа:
Рамстор: Ибрахим Бекир 12’ 23’ Ведат Арслан 16’ Енгин Мемеди 16’ Михрем Мемед 18’ 31’ 31’ Фуркан Муртезан 19’ 38’
Гранит: Стефан Тевдовски 9’ 35’ Сашо Каровски – Џуме 17’

Еуро Табак со атрактивен фудбал до победа над Маркарт
Интересно прво полувреме во висок ритам на игра прикажаа екипите на Маркарт и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак во 5та минута преку голот на Ливрински, а само минута подоцна успеа и да го зоглеми водството преку Стојанов. Екипата на Маркарт по оваа негатива се префрли на противничка половина и вршеше силен притисок кон голот на Еуро Табак што резултираше со погодок и намалување на 1-2. Сепак до крајот на полувремето екипата на Еуро Табак не и дозволи на екипата на Маркар да направи нешто повеќе а преку брзи контра напади успеа да го зголеми водството на 1-5 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак продолжи со одличната игра и од минута во минута го зголемуваше вдството. Екипата на Маркарт имаше неколку одлични шанси за погодок но слаба реализација, што Еуро Табак го искористи за висока победа од 3-10

Стрелци на головите беа:
Маркарт: Пеце Стојанов 8’ Марјан Трајковски 32’ 36’
Еуро Табак: Дејан Јанковски 10’ 16’ 23’ 29’ Борче Стојанов 6’ Мартин Ливрински 5’ 20’ 28’ Григориј Јовановски 23’ Никола Зафировски 40’

Уника преку дуото Нухиу-Граинца дојде до победа над Пекабеско
Уште на самиот старт на полувремето во дуелот помеѓу екипите на Уника и Пекабеско видовме одлична игра од двата тима. Прва до водство дојде екипата на Уника која во 3та минута преку Нухиу го отвори резултатот и го превзема водството на 0-1. По овој примен гол екипата на Пекабеско се обидуваше со удари од далечина и соло акции да дојде до израмнување што се случи во 14та минута. Во финишот на полувремето екипата на Уника го подигна темпото на игра и со одличниот гол на Нухиу повторно го превзема водството на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Уника продолжи со високот темпо на игра на кое екипата на Пекабеско не успеа да и парира. До крајот на натпреварот екипата на Уника го зголемуваше водството за конечна победа од 3-11

Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Ѓоре Бочваров 14’ 28’ Стефче Стојановски 34’
Уника: Арбен Нухиу 3’ 22’ 23’ 37’ 38’ Бенјамин Граинца 16’ 25’ 28’ 29’ 39’ Тимотеј Нешковски 40’

Во неизвесна завршница Окта беа поуспешни од С.Ц. Борис Трајковски
Еккипата на С.Ц. Борис Трајковски одлично го отвори дуелот против екипата на Окта со голот на Димовски во 2та минута, по ова следуваше жесток одговор на екипата на Окта која до 10та минута успеа да постигне 4 погодоци и да се стекне со високо водство. По овој шок екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да ги консолидира редовите и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до израмнување. Сепак екипата на Окта одлично ја постави својата одбрана и не дозволи на С.Ц. Борис Трајковски резултатски да се доближи. На паузата се замина со резултат од 2-6 во корист на Окта. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски го подигна темпото на игра и со брзи акции и одлични погодоци ја топеше разликата на Окта, па во 31та минута успеаа да дојдат до израмнување на 7-7 што ја направи завршницата на овој натпревар неизвесна. Во таквата завршница поуспешна беше екипата на Окта која го доби овој натпревар со 7-8.

Стрелци на головите беа:
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 27’ Горан Андоновски 23’ 27’ Јован Димовски 2’ Оливер Китановски 18’ 28’ Дарко Филимоанов 32’
Окта: Шеќо Личина 10’ 10’ 31’ Драганче Стојановски 3’ Драганчо Ѓорѓиовски 39’ Живко Котевски 8’ 14’ 20’

Аџибадем Систина преку Димковски до победа над МЕПСО
Првото полувреме од дуелот помеѓу МЕПСО и Аџибадем сиситина и припадна во целост на екипата на Систина, тие уште во првата минута успеаа да постигнат погодок за водство од 0-1. Екипата на МЕПСО имаше брз одговор на ова водство со голот на Рошковски во 2та минута за израмнување на 1-1, по овие воведни минути следеше одличен период на игра за екипата на Систина која за само неколку минути преку расположениот Димковски успеа да направи висока предност од 1-7 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот од вториот дел екипата на МЕПСО успеа да постигне погодок што им даде дополнителен мотив да тргнат уште пожестоко кон голот на Систина со цел да го намалат водството од полувремето. Сепак екипата на Аџибадем Систина не дозволи изненадување и од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 2-13

Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Диме Рошковски 2’ 24’
Аџибадем Систина:Влатко Кузманов 40’ Кристијан Димковски 4’ 4’ 12’ 16’ 21’ 36’ 38’ 40’ 40’ Мирослав Неделковски 3’ 11’ Злате Бошковски 1’

Сава Осигурување ја осигура победата со Фабрика Карпош – ГИМ
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи во овој натпревар влегоа со доза на претпазливост и внимаваа повеќе на својата одбрана отколку на противничкиот гол. Како одминуваше времето екипата на Сава Осигурување ја превзеде иницијативата и тргна со пожестоки напади кон голот на Фабрика Карпош – ГИМ што резултираше со погодоци во 13та и 15та минута за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се префрли на противничко поле и со сите сили се обидуваше да постигне погодок со цел да фати резултатски приклучок, но до полувремето не успеа па Сава Осигурување на паузата замина со водство со 2-0. На старотот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-0, оваа висока негатива не ја демотивира екипата на Фабрика Карпош –ГИМ напротив тие започнаа со уште пожестоки напади кон голот на Сава Осигурување што вроди со плод со погодок во 33та минута и намалување на водството. Но екипата на Сава Осигурување одлично ја постави својата игра во одбраната и не дозволи изненадување па на крајот го доби овој натпревар со 5-2

Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Трајче Илиевски 22’ 35’ 40’ Андреј Китановски 13’ 15’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 33’ Лазе Божиновски 38’

Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Кристијан Димковски (Аџибадем Систина) 9 гола
– Арбен Нухиу (Уника) 5 гола
– Дејан Јанковски (Еуро Табак) 4 гола
–Мартин Алаѓозовски (Лукоил) 3 гола
– Бојан Дејановски (Џонсон Мети) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Бенјамин Граинца (Уника), Даниел Ристевски (Алкалоид), Михрем Мемед (Рамстор), Живко Котевски (Окта), Петре Даиловски (Матрикс), Мартин Ливрински (Еуро Табак), Трајче Илиевски (Сава Осигурување)

Екипа на колото: Систина
Тренер на колото: Алтај Иметовски (Рамстор)
Голман на колото: Шеќо Личина (Окта)