Осврт на дваесет и петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на дваесет и петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 10 натпревари

Во првиот дуел од ова коло екипата на Матрикс извојува убедлива победа над Алкалоид

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Алкалоид, екипата на Матрикс уште на самиот почеток ја превзема иницијативата и започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика, тоа им донесе водство во 11та минута со голот на Цветковски. Екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Матрикс со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување, тие до крајот на полувремето постигнаа уште два погодоци па на паузата заминаа со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс повторно ја имаше контролата врз играта, поседот на топката беше во нивна корист што се одрази на резултатот и водството кое постојано го зголемуваа. Екипата на Алкалоид на сите можни начини се обидуваше да се врати во игра но не успеваше против денес расположената екипа на Матрикс која го доби овој натпревар со убедливи 7-1

Стрелци на головите беа:
Матрикс: Дарко Цветковски 11’ Антонио Богдановски 14’ 15’ Мирко Богоевски 34’ Петре Даиловски 23’ 26’ Симеон Коцески 40’
Алкалоид: Кристијан Арсовски 40’

Еуро Табак ја продолжи победничката серија во дуелот со ЈСП

Одличен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со екипата на ЈСП, екипата на Еуро Табак во 6та минута со голот на Младеновски го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова рано водство за екипата на Еуро Табак, екипата на ЈСП изврши притисок кон голот на Еуро Табак па за само неколку минути успеаа да креираат неколку одлични шанси за погодок, но не успеаа да реализираат што го казни екипата на Еуро Табак со погодокот на Јанковски во 11та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на ЈСП со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но до крајот на полувремето успеа само да го намали водството на Еуро Табак на 2-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП притисна кон голот на Еуро Табак но ваквата игра на противничката половина ја искористи Еуро Табак која ги искористи пукнатините во одбраната на ЈСП и од минута во минута го зголемуваше своето водство за на крајот да извојува конечна победа од 8-3.

Стрелци на голоите беа:
Еуро Табак: Дејан Јанковски 11’ 22’ Дејан Младеновски 6’ 39’ Мартин Ливрински 28’ 29’ 29’ 35’
ЈСП: Сашо Георгиев 19’ Маријан Србиновски 35’ 40’

Рамстор со константно добра игра дојде до победа над МЕПСО

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и Рамстор, екипата на Рамстор уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе два погодоци до 6та минута и водство од 0-2. Следуваше брз одговор на екипата на МЕПСО со погодок во 8та минута и намалување на резултатот на 1-2. До крајот на полувремето се продолжи со отворен фудбал и многу шанси на двете страни, а во таквата игра поуспешна беше екипата на Рамстор која го доби полувремето со 3-5. Во почетните минути од второто полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да ја зголеми предноста од првиот дел, но и оваа висока негатива не ја поколеба екипата на МЕПСО која продолжи со силовите напади кон голот на Рамстор, но сепак во овој натпревар имаа слаба реализација што на крајот се одрази со победа на Рамстор со 3-7.

Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Александар Јоксимовиќ 8’ 14’ Слаѓан Ѓоргиевски 15’
Рамстор: Ибрахим Бекир 6’ 13’ Михрем Мемед 6’ 28’ Хурјед Шаќири 12’ 16’ 33’

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме дојде до победа над Окта

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Окта и ЕЛЕМ,прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со голот на Василевски со гол во 5та минута. По ова следуваше брз одговор на екипата на Окта со погодокот на Стојановски во 8та минута и исрамнување на резултатот. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични прилики да постигнат погодок и да го превземат водството, но покажаа слаба реализација па на полувремето се замина со резултатот од 8та минута, 1-1. Во второто полувреме се играше во многу висок ритам на игра, екипата на Окта беше таа која прва постигна погодок во 28та минута и го превзема водството. По оваа негатива за екипата на ЕЛЕМ тие започнаа со жесток притисок кон голот на Окта па успеаа во 34та минута да направат целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на Окта успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот но веќе следниот напад со голот на Стефановски екипата на ЕЛЕМ повторно го превзема водството на 3-4 резултат со кој го доби овој натпревар.

Стрелци на головите беа:
Окта: Драганче Стојановски 8’ Драганчо Ѓорѓиевски 28’ Живко Котевски 37’
ЕЛЕМ:Ристо Стефановски 37’ Петар Василевски 5’ 32’ 34’

WP Data Tables

Џонсон Мети во последните минути од натпреварот дојде до победа над Вип

Прво полувреме во висок ритам на игра и голема борба на секоја педа од теренот одиграа екипите на Џонсон Мети и Вип. Двете екипи влегоа претпазливо во овој дуел и фокус ставија врз својата одбрана, па затоа имаше малку шанси за погодок на двете страни. Играчите на двата тима се обидуваа со соло продори и удари од далечина да го отворат резултатот, но и голманите имаа одлични интервенции па ги сочуваа своите мрежи мирни се до паузата. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен, полувреме во кое екипата на Џонсон Мети се обиде со промена на тактика внесување на голман-играч да започне со поофанзивен стил на игра, но екипата на Вип одлично ја имаше поставено играта во одбраната и успеваше да одолее на жестокиот притисок се до 36та минута кога екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два погодоци кои беа пресудни пробивање на одбраната на Вип и конечна победа во овој натпревар од 4-2.

Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 36’ 37’ 39’ Бојан Дејановски 36’
Вип: Мартин Ангеловски 38’ 40′

Фабрика Карпош – ГИМ во второто полувреме ја осигура победата над Уни Банка

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот против екипата на Уни Банка, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ уште на самиот почеток на натреварот односно во 2та минута со голот на Панев успеа да дојде до водство од 1-0. Овие воведни минути и припаднаа на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која имаше целосна контрола врз играта, но во средината на полувремето екипата на Уни Банка одигра фуриозни три минути па од 9та до 12та минута успеа да постигне три погодоци за целосен пресврт и водство од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. На самиот старт на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се префрли на противничката половина и веќе во 21та минута успеа да го намали водството на Уни Банка на 2-3. Ова им даде дополнителен мотив па до до 38та минута дојде до комплетен пресврт од 5-3, до крајот на натпреварот екипата на Уни Банка се обиде да се врати во натпреварот но до последниот судиски свреж успеа само да намали на 5-4 резултат со кој заврши овој натпревар.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Лазе Божиновски 38’ Георги Божиков 32’ Кристијан Панев 2’ 21’ 31’
Уни Банка: Александар Кузинаков 9’ 38’ Ивица Орозовски 9’ 12’

Илиевски ја осигура победата на Сава Осигурување во дуелот со Аџибадем Систина

Првото полувреме во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и Сава Осигурување и припадна на екипата на Сава Осигурување која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и изврши силен притисок кон голот на Систина што резултираше со погодок во 5та минута и водство од 0-1. Овој рано постигнат погодок и даде дополнителен мотив на екипта на Сава Осигурување за во наредните минути поточно до 9та минута да постигне уште 4 гола и да се стекне со високо водство од 0-5. До крајот на полувремето екипата на Систина се обидуваше да ја намали убедливата предност на Сава Осигурување што успеа во 11та минута со голот на Ѓоргиевски за 1-5, сепак екипата на Сава Осигурвање успеа да постигне уште еден погодок за убеливи 1-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Систина со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата препознатлива игра како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во сите сегменти не дозволи изненадување и до гоби овој натпревар со убедливи 3-11.

Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 37’ Игор Ѓорѓиевски 11’ Кристијан Димковски 40’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 6’ 7’ 33’ Трајче Илиевски 7’ 9’ 16’ 22’ 28’ Данило Апостолски 5’ 36’ 38’

Македонски Телеком со тимска игра дојде до победа над Лукоил

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Македонски Телеком, прва до водство дојде екипата на Телеком со голот на Лазаревски во 3та минута. Неколку минути подоцна односно во 7та минута голманот на Лукоил со евро-гол успеа да израмни на 1-1. Овие погодоци дополнително го подигнаа темпото на игра па од минута во минута се редеа шанси за погодок на двете страни, екипата на Телеком успеа да искористи една од нив во 11та минута за повторно водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ги пропушти своите прилики да дојде до израмнување на полувреме се замина со предноста за Телеком од 1-2. Второто полувреме екипата на Лукоил се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Телеком со цел да дојде до израмнување, екипата на Телеком одлично ја постави својата игра во одбраната па успеваше да одолее на притисокот. До крајот на натпреварот екипата на Телеком успеа да постигне погодок во 38та минута и да ја осигура победата со резултат од 2-3.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Марјан Цветковски 7’ Дејан Зиков 40’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Гоце Филипов 38’ Даниел Анчевски 11’

Гранит со одлично второ полувреме дојде до победа над Маркарт

Израмнето прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Гранит и Маркарт, почетокот на првиот дел од полувремето одмина во одмерување на силите во кој и двете екипи играа претпазливо и цврсто во одбраната. Прва до водство дојде екипата на Гранит која во 10та минута со голот на Глигуровски го отвори резултатот на 1-0, за само неколку минути екипата на Маркарт одговори и го израмни резултатот на 1-1. Во остатокот од полувремето екипата на Гранит го подигна темпото на игра и успеа да направи предност од 3-1, но како се ближеше судискиот свиреж екипата на Маркарт ја топеше предноста, а во последната минута од полувремето го израмни резултатот на 3-3. Во второт полувреме се продолжи во висок ритам на игра двете екипи наизменично се менуваа во водството се чини дека на крајот пресуди психолошката растеретеност кај екипата на Маркарт на која победата не и беше од значење за понатамошното разигрување. Екипата на Гранит ја однесе победата со резултат од 8-7.

Стрелци на головите беа:
Гранит: Стефан Тевдовски 27’ 36’ Дарко Петровски 14’ 16’ 29’ Сашо Каровски Џуме 24’ Николче Глигуровски 10’ Пепи Мицев 26’
Маркарт: Александар Ристовски 26’ Пеце Стојанов 12’ 22’ 32’ Диме Шојлев 20’ 34’ Бахтијари Фљурим 18’

ЕВН со мотивирана игра дојде до победа над Уника

Екипата на ЕВН одлично го започна дуелот против екипата на Уника со погодок во 2та минута за водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на Уника со погодок во 5та минута и израмнување на резултатот. По овие воведни минути двете екипи го засилија темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок и на двете страни, поснаодлива во ова полувреме беше екипата на ЕВН која кон крајот на полувремето поточно во 17та минута успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 1-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН прикажа одлична игра и уште на самиот старт успеа да постигне два погодоци и да направи комотна предност која до крајот на натпреварот постепено ја зголемуваше за на крајот да извојува победа од 3-6.

Стрелци на головите беа:
Уника: Даниел Стојковски 5’ Кренар Сума 37’ Тимотеј Нешовски 40’
ЕВН: Вилијам Митев 36’ Томи Илиевски 17’ 22’ Ајет Новобрдарија 2’ 35’ Драги Стојановски 24’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Трајче Илиевски (Сава Осигурување) 5 гола
– Мартин Ливрински (Еуро Табак) 4 гола
– Кристијан Панев (Фабрика Карпош – ГИМ) 3 гола
– Љупчо Стојановски (Џонсон Мети) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

Коста Глигуровски (Сава Осигурување), Михрем Мемед (Рамстор), Петар Василевски (ЕЛЕМ), Хурјед Шаќири (Рамстор), Антонио Богдановски (Матрикс), Дарко Петров (Гранит), Пеце Стојановски (Маркарт)

Екипа на колото: Македонски Телеком
Тренер на колото: Златко Атанасовски (Маркарт)
Голман на колото: Мартин Лалчевски (Сава Осигурување)