Осврт на единаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 12 возбудливи натпревари и еден натпревар беше регистриран со службен резултат

Дуото Саздовски – Петровски го предводеа Ван Хоол до победа над Џонсон Мети
Екипите на Ван Хоол и Џонсон Мети уште на самиот почеток наметнаа висок ритам на игра со цврста одбрана и на двете страни. Екипата на Ван Хоол во раната фаза од натпреварот во 3та минута преку Саздовски дојде до водство од 1-0. Екипата на Џонсон Мети со чести измени во својот состав се обидуваше да го фати ритамот кој го намента Ван Хоол но Ван Хоол не го дозволи тоа па преку Петровски поведе со 0-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот но ваквата истуреност во нападот ги остави ранливни во одбраната што екипата на Ван Хоол во два наврати го искористи за зголемување на водствто и победа на овој натпревар со 4-0.
Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Ненад Саздовски 3’ 37’ Aнтонио Петровски 10’ 36’

Гранит со сигурна игра до победа над Еуро Табак
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Еуро Табак, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Прва во водство дојде екипата на Гранит со погодокот на Стојановски во 9та минута. Неколку минути подоцна екипата на Еуро Табак возврати со погодокот на Ливрински за израмнување на 1-1. Кон средината на полувремето поточно во 15та минута екипата на гранит со прекрасниот погодок на Глигуровски успеа повторно да дојде до предност од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но не успеа во таа намера па на полувреме се замина со 2-1. На стартот на вториот дел екипата на Гранит успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, овој погодок и даде силен мотив на екипата на Гранит да продолжи уште поагресивно кон голот на Еуро Табак и да воспостави целосна контрола врз играта во овој натпревар. Екипата на Еуро Табак беше со скратен состав и не успеа да пружи посилен отпор па го загуби овој натпревар со 6-2.

Стрелци на головите беа:
Гранит: Мики Стаојановски 9’ Никола Глигуровски 15’ Александар Димитриевски 21’ Дарко петров 24’ 29’ 33’
Еуро Табак: Мартин Ливрински 12’ Димитар Зафировски 39’

Џојсон Сејфти Системс со одлично второ полувреме до победа над ЈСП
Во првото полувреме двете екипи прикажаа жестока борба на секоја педа од теренот во рамките на фер плејот, првиот дел од полувремето одмина без многу шанси за погодок беидејќи и двете екипи беа доста претпазливи и ставија фокус на својата одбрана. Како одминуваше времето се засили темпото на игра што и донесе погодок на екипата на Џојсон Сејфти Системс во 12та минута. Следуваше брз одговор на екипата на ЈСП преку одличниот Фидановски со двата погодоци во 12та и 16та минута за целосен пресврт резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на вториот дел Аргиловски стрелаше за повторно израмнување на 2-2. Во останатиот дел од полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра, во 34та минута ЈСП повторно дојде до водство од 2-3. Сепак последните минути од натпреварот и припаднаа на екипата на Џојсон Сејфти системс која успеа да направи целосен пресврт и да го добие натпреварот со 4-3.
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Ситемс: Аргиловски 12’ 22’ Јонузи 35’ Стојковски 40’
ЈСП: Фидановски 13’ 16’ 34’

Во крајно израмнет натпревар ЕЛЕМ подобар од ФК на глуви Слобода
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ уште во раната фаза од натпреварот односно во 3та минута. Следуваше брз одговор на екипата на Слобода со погодокот на Алими во 4та минута за 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи беа рамноправни и успеаа да постигнат по еден погодок па на полувреме се замина со 2-2. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен во рамките на фер плејот каде двете екипи имаа шанси кон протиничкиот гол но имаа слаба реализација. Сепак екипата на ЕЛЕМ во 33та минута успеа да постигне гол и да го превземе водството а и да го сочува до крај за победа на овој натпревар од 2-3.
Стрелци ан головите беа:
ФК на глуви Слобода: Јасни Алими 4’ Фатмир Демироски 14’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 3’ 6’ Јордан Ангеловски 33’

WP Data Tables

Богески и Даиловски го предводеа Матрикс до победа над Лукоил
Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот со Лукоил со погодокот на Богевски во 5та минута, овој рано постигнат погодок и даде силна мотивација на екипата на Матрикс да продолжи во висок ритам што и донесе висока предност уште во раната фаза од натпреварот. Екипата на Лукоил ова прво полувреме не успеваше да ја пронајде својата препознатлива игра што се одрази на резултатот. Екипата на Матрикс на полувреме замина со предност од 5-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс беше таа која што ја контролираше играта и резултатот и покрај сите обиди на Лукоил да ја намали високата негатива од полувремето. На денешниот натпревар екипата на Лукоил не успеа да пронајде против игра за денес перфектната игра на Матрикс која го доби овој дуел со 8-0.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Петре Даиловски 13’ 16’ 18’ 40’ Драган Брњарчевски 10’ Мирко Богевски 5’ 23’ 32’

Аптив супериорен во дуелот со Уника

Екипата на Уника одлично го започна дуелот со погдок во 8та минута и водство од 0-1, следуваше брз одговор на екипата на Аптив со двата погодоци на Стаматовски во 9та и 11та минута за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Аптив имаше повеќе од играта и со третиот погодок на Стаматовски успеа да дојде до предност од 3-1 резултат со кој се змаина на паузата. Екипата на Аптив продолжи во силен ритам и уште на самиот старт се стекна со висока предност која од минута во минута ја зголемуваше за на крајот да го добие овој натпревар со високи 15-2.
Стрелци ан головите беа:
Аптив: Марковски Александар 24’ 25’ 25’ Тодоров Маријан 27’ Дамјан Хрдаличка 34’ 38’ 39’ Никола Ќамилов 31’ Кире Стаматовски 9’ 11’ 18’ 28’ 36’ 7’ 39’
Уника: Никола Атанасов 8’ Мики Ристиќ 36’

Телеком не дозволи инзненадување во дуелот со Тиквеш
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Тиквеш, екипата на телеком со погодокот на Лазаревски во 6та миута го отворија резултатот на 1-0. По оваа негатива екипата на Тиквеш со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Телеком одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи инзенадување, а во 15та минута го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со виско ритам на игра во кое екипата на Тиквеш ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот, но екипата на Телеком рутинирано го приведе натпреварот во своја корист за победа од 6-4.
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 6’ Стефан Насковски 15’ 35’ Марко Узунов 27’ 34’ Џенгис Бекир 24’
Тиквеш: Нинослав Ранѓеловиќ 37’ 39’ Деко Марков 23’ Филип Велјановски 39’

Фабрика Карпош – ГИМ беа сигурни во дуелот со ЕВН
Фуриозен старт за екипата на Фабрика Карпош – Гим во дуелот со ЕВН, уште на самиот старт тие наметнаа високо темпо на игра па од таму рано стигнаа и погодоците. Екипата на Фабрика Карпош со погодците на божиков во 3та и Боќиновски во 5та минута се стекна со водство од 0-2. По ова екипата на ЕВН тргна жестоко во нападот по израмнување, екипата на Фабрика Карпош успеа да казни во 14та минута преку еден контра напад за водство од 0-3. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на ЕВН со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Фабрика Карпош ја имаше контролата врз играта по целиот терен, не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 1-6.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Наум Бадаловски 15’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 3’ 17’ 23’ 32’ Кристијан Панев 14’ Лазе Божиновски 5’

supsystic-tables id=3]

ТАВ немаше доволно сили за пресврт со Рамстор
Првото полувреме во дуелот помеѓу ТАВ и Рамстор во целост и припадна на екипата на Рамстор која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на ТАВ не можеше да го прати. Кон средината на полувремето екипата на Рамстор веќе имаше висока предност која ТАВ не можеше да ја анулира до полувремето па замина со 0-4. Во второто полувреме видовме една помотивирана екипа на ТАВ која започна со поагресивна игра што во последниот дел од натпреварот ги доближи на само гол негатива. Сепак екипата на Рамстор успеа да го издржи притисокот и да го добие натпреварот со 6-8.
Стрелци на головите беа:
ТАВ: Мартин Арсовски 33’ 34’ 36’ 37’ Елмаз Ибрахим 35’ Даниел Симич 40’
Рамстор: Енис Мурселов 33’ Енгин Мемеди 39’ Ведат Арслан 20’ 29’ 40’ Фуркан Муртезан 5’ 15’ Хурјет Шакири 14’

Сава Осигување со одлична реализација до победа над Пекабеско
Екипата на Пекабеско во дуелот со Сава Осигурување влезе доста мотивирано и уште во 4та минута преку Ѓоргиевски успеа да дојде до водство од 1-0. По што следеше офанзива на Сава Осигурување која за само една минута израмни на 1-1 преку Глигуровски со што се влезе во егал игра. На двете страни се играше брз и отворен фудбал крајно израмнет, но екипата на Сава Осиугрување сепак успеа на полувремето да замине со предност од 2-3. На самиот старт од второто полувреме екипата на Сава Осигувурање успеа да се стекне со резултатска предност која Пекабеско со агресивна игра се трудеше да ја анулира. Сава Осигурување играјќи ја својата препознатлива игра не му дозволи на Пекабеско да фати резултатски приклучок со што на крајот славеше со 5-7.
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Мартин Чаловски 404 Никола Миновски 10’ Ерсад 27’ 34’ Марко Ѓеоргиевски 4’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 26′ Коста Глигуровски 5′ 37′ Трајче Илиевски 7′ 25′ 31′ Данило Апостоловски 13′

Макпетрол ја продолжи победничката серија во дуелот со Водовод
Одличен старт за екипата на Макпетрол во дуелот со Водовод, уште во раната фаза на натпреварот екипата на Макпетрол започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и силен притисок кон противничкиот гол што и донесе водство од 0-2 уште во 6та минута со двата погодока на Костенцовски. Екипата на Водовод за кртко успеа да постигне погодок и да фати резултаски приклучок во натпреварот со погодокот на Ивановски во 8та минута, но екипата на Макпетрол со одлична игра во ова полувреме преку расположениот Костенцовски кој до крајот на полувремето успешно реализираше за преднот од 1-4. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше предноста. Екипата на Водовод во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и резултатски да се доближи но Макпетрол имаше целосна контрола врз играта и резултатот и го доби овој натпревар со 2-8.
Стрелци на головите беа:
Водовод: Сашо Каровчевиќ 21’ Столе Ивановски 8’
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 24’ 30’ Бенер Бекиоски 34’ Марко Костенцовски 4’ 6’ 8’ 17’ Горан Новаковски 38’

Аџибадем Систина со тимска игра до победа над Уни Банка
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Уни Банка, екипата на Аџибадем Систина на самиот старт се префрли на противничко поле ја превзеде иницијативата и вршеше силен притисок кон голот на Уни Банка. По 6та минута на натпреварот екипата на Систина го скрши отпорот на одбраната на Уни Банка што им даде дополнителен мотив за уште поагресивна игра која им донесе комотно водство на полувремето од 5-2. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка со двата одлични погодоци на Орозовски успеа да фати резултатски приклучок. Сепак екипата на Систина не дозволи изненадување со погодоците на Димковски и Неделковски повторно дојде до висока предност која беше недостижна за Уни Банка. Крај 8-4.
Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 19’ Кристијан Димковски 6’ 10’ 27’ 35’ Златко Бошковски 12’ Мирослав Неделковски 16’ 38’
Уни Банка: Ивица Орозовски 22’ 25’ Ненад Саздовски 9’ 14’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Кире Стаматовски (Аптив) 7 гола
– Петре Даиловски (Матрикс) 4 гола
– Александар Божиков (Фабрика Карпош) 4 гола
– Марко Костенцовки (Макпетрол) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Тихо Фидановски (ЈСП), Трајче Илиевски (Сава Осигурување), Мартин Арсовски (ТАВ), Ведат Арслан (Рамстор), Дарко Петров (Гранит), Ненад Саздовски (Ван Хоол), Мирко Богески (Матрикс), Хрдаличка Дамјан (Аптив), Марковски Александар, Роберт Поповски (Телеком), Кристијан Димковски (Аџибадем Систина), Ненад Саздовски (Уни Банка)
Екипа на колото: Гранит
Тренер на колото: Кире Атанасов (Гранит)
Голман на колото: Антонио Петровски (Ван Хоол)