Осврт на осумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на осумнаесетото коло беа одиграни 12 натпревари полни со пресврти, изненадување и прекрасни погодоци

Џонсон Мети убедливи во дуелот со Аџибадем Систина
Одлични воведни минути за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Аџибадем Систина, тие со рано постигнати погодоци до 10та минута успеаа да се стенат со високо водство од 4-0. Кон средината на полувремето поточно 13та минута екипата на Систина успеа да постигне погодок и да ја намали високата предност на Џонсон Мети. До крајот на полувремето екипата на Систина вршеше силен притисок кон голот на Џонсон Мети и со сите сили се обидуваше да постигне уште некој погодок како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети со одлична игра во одбраната не дозволи изнаенадување па на полувреме се замина со резултат од 4-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да гпостигне погодок и да го зголеми и така високото водство, ова ја натера екипата на Систина да направи промена на тактиката и во игра да внесе голман играч како би фатиле резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола врз играта и резултатот на го доби овој натпревар со 7-2.

Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 3’ Бојан Дејановски 2’ 5’ 26’ 35’ Мартин Николовски 38’ Александар Недев 10’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 33’ Игор Ѓорѓиевски 13’

Македонски Телеком и ЕЛЕМ ги поделија бодовите
Одличен старт на натпреварот помеѓу екипите на Македонски Телеком и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ со голот на Николов во 2та минута го отвори резултатот со предност од 1-0, веќе следниот напад Насковски со прекрасен погодок за израмнување на 1-1. Овие почетни погодоци најавија динамичен натпревар, во таквата игра екипипада на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок во 5та минута за водство од 1-2. По ова екипата на Телеком ја превзеде иницијативата и тргна во целосна офанзива што резултираше со погодок во 14та за израмнување а веќе во следната и целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Телеком успеа да го зголеми водството на 4-2. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ во игра внесе голман играч што во фаза на напад им донесе предност и со одличните погодоци на расположениот Николов успеа да дојде до само гол негатива и завршницата на ја направи супер интересна. И кога се мислеше дека екипата на Телеком ќе ја однесе победата буквално во полседните секунди од натпреварот екипата на ЕЛЕМ со голот на Бокан успеа да го израмни резултатот на 5-5 со кој се заврши овој натпревар.

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Стефан Насковски 2’ 15’ Даниел Анчевски 29’ Садики Тасим 20’ Марко Магденовски 14’
ЕЛЕМ: Горан Николов 2’ 35’ 37’ Ивица Апостоловски 5’ Александар Бокан 40’

L.C. Waikiki со пресврт до победа над Искрател Груп
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на L.C. Waikiki и Искрател Груп, прва до водство дојде екипата на L.C. Waikiki во 4та минута. По оваа негатива екипата на искрател Груп се префли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на L.C. Waikiki со цел да дојде до израмнување, што им успеа во 13та минута. До крајот на полувремето и двата тима имаа свои добри периоди на игра но во последната минута од полувремето екипата на Искрател Груп успеа да реализира и на полувремето да замине со предност од 1-2. На стартот од второто полувреме екипата на L.C. Waikiki успеа да постигне три погодоци едноподруго и да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на Искрател Груп се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на L.C. Waikiki но екипата на L.C. Waikiki одлично ја постваи играта во одбраната а преку контра напади успеваше да ја казнува екипата на Искрател Груп за победа над 7-4.

Стрелци на головите беа:
L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 21’ 22’ Едит Салковиќ 23’ 33’ 38’ Алојз Перхај 4’ 38’
Искрател Груп: Петар Митровски 13’ Ратко Иванов 25’ Влатко Иванов 19’ Никола Велевски 34’

WP Data Tables

Гранит со одлична игра до победа над МЕПСО
Одличен старт на екипата на МЕПСО во дуелот со екипата на Гранит со рано постигнат погодок уште во 2та минута. По ова рано водство екипата на МЕПСО следуваше одговор на екипата на Гранит која во 6та минута со голот на Петров дојде до израмнување на 1-1. Овој гол на екипата на Гранит и даде дополнителен мотив да тргне жестоко кон голот на МЕПСО и за кратко време да направи солидна предност од 1-4. До крајот на полувремето и покрај обидите на МЕПСО не успеа целсоно да ја стопи разликата на Гранит па на полувремето се замина со резултат од 3-5. Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие кон средината на полувремето успеа резултатски да се доближат, но екипата на Гранит не дозволи изненадување и со одлична игра во вториот дел од полувремето успеа да го добие овој натпревар со високи 5-10.

Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Зоран Деспотовски 20’ Диме Рошкоски 2’ 29’ Александар Боцевски 16’ 32’
Гранит: Стефан Тевдовски 14’ 32′ Дарко Петров 6’ 22’ 39’ Дарко Стојановски 10’ Сашо Кароски – Џуме 11’ Николче Глигуровски 35’ Пепи Мицев 19’ 28’

ЕВН во второто полувреме до победа над ЈСП
Воведните минути од натпреварот и двете екипи ги одигра во ‘’ГРЧ’’ внимавајќи повеќе на својот гол, периодично се обидуваа да нападнат кон противничкиот гол. Кон средината на полувремето мразот го проби екипата на ЈСП со погодокот на Блажевски во 9та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор од екипата на ЕВН и со два погодоци едно по друго во 9та и 10та минута успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Во остатокот од полувремето екипата на ЈСП вршеше притисок кон голот на ЕВН со цел да дојде до израмнување, а во игра внесе и голман играч што вроди со плод па дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра, со многу шанси на двете страни. Екипата на ЕВН на стартот од полувремето успеа да постигне погодок и да го превземе водството, веќе следната минута екипата на ЈСП со голот на Ѓоргиев успеа да го израмни резултатот. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН имаше повеќе од играта и го доби овој натпревар со 6-3.

Стрелци на головите беа:
ЕВН: Бојан Симоновски 9’ 10’ Томи Илиевски 31’ Ајет Новобрдарија 23’ 36’
ЈСП: Дејан Блажевски 9’ Сашо Георгиев 24’ Сабит Хусеини 17’

Алкалоид со цврста одбрана до победа над Маркарт
Првиот дел од полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Маркарт и Алкалоид и припадна на екипата на Алкалоид. Екипата на Алкалоид со погодоците на Љазми и Арсовски во 2та и 7та минута се стекнаа со солидно водство, по оваа негатива екипата на Маркарт не и преостана ништо друго освен да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива кон израмнување. Последните минути од полувремето и припаднаа на екипата на Маркарт која со двата погодоци на Стојанов успеа да ја стопи разликата на Алкалоид и да дојде до само еден гол негатива на полувремето (2-3). Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Маркарт бркаше израмнуање кое го добија во 29та минута со третиот погодок на денес одличниот Стојанов, веќе во следната минута екипата на Алкалоид успеа да постигне погодок и да го превземе водството. До крајот на натпреварот екипата на Маркарт вршеше притисок кон голот на Алкалоид со цел да дојде до израмнување, но екипата на Алкалоид одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување. Натпреварот заврши со 3-5 во корист на екипата на Алкалоид.

Стрелци на головите беа:
Маркарт: Пеце Стојанов 19’ 19’ 29’
Алкалоид: Дарко Стевков 40’ Сунај Љазми 2’ 30’ Кристијан Арсовски 7’ Бобан Митевски 12’

Макпетрол сигурни во дуелот со Уника
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Уника, прва во водство дојде екипата на Макпетрол со погодок во 3та минута, по ова водство следуваше одговор во 8та минута со голот на Нешовски за израмнување на 1-1. По овие воведни минути екипата на Макпетрол ја превзема иницијативата и со одлична игра во фаза на напад и одбрана успеа да се стекне со солидна предност од 4-1 во 13та минута. До крајот на полувремето екипата на Уника беше таа која го бркаше резултатот но екипата на Макпетрол не дозволи изненадување и го доби ова полувреме со високи 5-1. На стартот на второто полувреме со евро голот на Нухиу екипата на Уника успеа да го намали високото водство на Макпетрол што им даде дополнителен мотив за уште пожестоко да тргнат кон противничкиот гол. Сепак екипата на Макпетрол со одлично поставена одбрана и чести ротации на играчи ја задржа свежината во своите редови и успеа да го сочува водството и да го добие натпреварот со високи 9-4

Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 11’ 14’ 17’ 24’ 26’ Игор Стојковски 3’ Александар Мишоски 28’ Марко Костенцовски 13’ 34’
Уника: Бенјамин Граинца 32’ Тимотеј Нешовски 8’ 38’ Сашо Јакимовски 32’

Матрикс убедливи во дуелот со С.Ц. Борис Трајковски
Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу С.Ц. Борис Трајковски и Матрикс помина во мирен иртам на игра во кој и двете екипи ги испитуваа силите. Како одминуваше времето и двете екипи го подигнаа темпото на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски со голот на својот голман играч го отвори резултатот во 11та минута за водство од 1-0. По ова екипата на Матрикс се префрли пред голот на С.Ц. Борис Трајковски и вршеше силен притисок со цел да дојде до израмнување. Последните минути од полувремето екипата на Матрикс ги одигра во пеколен ритам и за само три минути успеа да постигне три погодоци за целосен пресврт и резултат од 1-3 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со високот темпо на игра и го зголеми водството на 1-4, по ова голема негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски беше приморана со сите сили да се префрли на протвиничката половина со цел да додјде до израмнување но таквата отворена игра ги чинеше скапо бидејќи екипата на Матрикс преку контра напади од минута во минута го зголемуваше водството за победа на овој натпревар со убедливи 1-8

Стрелци на головите беа:
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 11’
Матрикс: Никола Христовски 21’ 26’ Дарко Цветковски 20’ Драган Брњарчевски 28’ 33’ Петре Даиловски 18’ Симеон Коцески 19’ 32’

Лукоил со цврста одбрана и брз напд до победа над Рамстор
Пеколен старт на екипата на Лукоил во дуелот против Рамстор, со три погодоци во раната фаза се стекна со високо водство и ја срушија целата концепција на екипата на Рамстор. По оваа негатива екипата на Рамстор мораше да направи промена на тактиката и на различни начини да се обидува да фати резултатски приклучок, тие во игра внесоа голман играч што им донесе неколку чисти “зицери“ но не успеа да ги реализира па екипата на Лукоил успеа да ги казни со голот на Стефанов во 18та минута за водство 0-4 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра во кој екипата на Рамстор на сите можни начини се обидуваше да фати резултатски приклучок но одличната одбрана на екипата на Лукоил и на голманот Цветковски ги спречи во таа намера па на крајот Лукоил славеше со 0-6.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Дејан Зиков 1’ Васко Стефанов 18’ Гоце Мојсоски 35’ Мартин Алаѓозовски 6’ Антонио Фенов 5’ Марјан Цветковски 40′

Сава Осигурување успеа да ја сочува предноста во дуелот со Еуро Табак
Ефикасно прво полувреме ни прикажаа екипите на Сава Осигурување и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Сава Осигурување со голот на Илиевски во 3та минута и следните неколку минути и преипаднаа на Сава оСигурвање која успеа да се стекне со солидна предност, сепак екипата на Еуро Табак не се откажуваше лесно во ова полувреме па успеа да постигне два погодоци и да фати резултатски приклучок. Екипата на Сава Осигурување до крајот од полувремето прикажа одлична игра во одбраната па ја сочува предноста од 4-2 на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да реализира за доближување на само еден гол негатива што им даде мотив за да атакуваат на противникот. Ваквата отворена игра ја остави одбраната на Еуро Табак ранлива што Сава Осигурување вешто го искористи за повторно да се врати во предноста. До крајот на натпреварот екипата на Сава Осигурување успешно ја одржа предноста од два гола за победа од 9-7.

Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Јовица Марковски 5’ 11’ Коста ГЛигуровски 26’ 37’ Трајче Илиевски 3’ 8’ Андреј Китановски 32’ 33’ 40’
Еуро Табак: Никола Зафировски 10’ 34’ Дејан Јанковски 30’ Мартин Ливрински 13’ 21’ 31’ 38’

Фабрика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Фабрика Карпош –ГИМ, прва во водство дојде екипата на Фабрика Карпош со погодокот на Панев во втората минута. Следуваше брз одговор на екипата на Пекабеско со два едноподруго голови на Бочваров за целосен пресврт. До крајот на полувремето беше бркотница по теренот во која екипите се менуваа во водството за најреален исход во ова полувреме нерешен резултат од 4-4. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош влезе многу мотивирано и уште на самиот старт успеа да реализира и да го превземе водството, по ова водство се до самиот крај на натпреварот екипата на Фабрика Карпош ја контролираше играта и резултатот и покрај жестокиот притисок кој го вршеше екипата на Пекабеско. Екипата на Фабрика Карпош го доби овој натпревар со конечни 9-4.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 2’ 11’ 17’ 36’ 38’ Александар Божиков 10’ 23’ 29’ 34’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 20’ Ѓоре Бочваров 5’ 6’ Албин Пачко 19’

Екипата на Вип убедлива во дуелот со Окта
Екипата на Вип одлично го отвори дуелот против екипата на Окта и со погодоци постигнати во раната фаза од полувремето се стекна со комотно водство. Екипата на Окта со сите сили се обидуваше да го намали високото водство на Вип и да фати резултатски приклучок, делумно тоа им успеа со погодоци во 12та и 14та минута. Сепак до крајот на полувремето екипата на Вип не дозволи изненадување и со одлична игра во фаза на одбрана и напад успеа да го сочува водството и на полувреме да замине со предност од 6-2. Во второто полувреме се продложи со високо темпо на игра во кое екипата на Окта на сите начини се обидуваше да најде против игра на денес расположената екипа на Вип, но екипата на Вип со рутинирана игра во ова второ полувреме успеа да го добие натпреварот со 11-4.

Стрелци на головите беа:
Вип: Мартин Ангеловски 5’ 24’ 40’ Сашо Србаков 33’ Мартин Тодоровски 2’ 17’ 26’ Иле Никодиновски 29’ Никола Спасевски 10’ Васе Дојчинов 8’ 12’
Окта: Славчо Стојковски 28’ Драганчо Ѓорѓиевски 14’ Александар Јовчевски 12’ Драганче Стојановски 37’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Мишо Ѓоргиевски (Макпетрол) 5 гола
– Кристијан Панев (Фабрика Карпош – ГИМ) 5 гола
– Бојан Дејановски ( Џонсон Мети) 4 гола
– Андреј Китановски (Сава Осигурување) 3 гола
– Дарко Петров (Гранит) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Горан Николов (ЕЛЕМ), Никола Христовски (Матрикс), Едит Салковиќ (L.C. Waikiki), Пеце Стојанов ( Маркарт), Мартин Ливрински (Еуро Табак), Александар Божиков (Фабрика Карпош – ГИМ)

Екипа на колото: Макпетрол
Тренер на колото: Христијан Стојановски (Џонсон Мети)
Голман на колото: Марјан Божиновски (Фабрика Карпош – ГИМ)
Гол на колото: Пеце Стојанов – Маркарт (во дуелот со Алкалоид)