Осврт на првото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Даниел Анчевски (Телеком) (најдобар петти играч)

Allround играчи на првото коло: Лоренцо Николовски (Лукоил), Игор Ѓорѓиевски (Систина), Јован Димовски (Борис Трајковски), Бојан Дејановски (Џонсон Мети), Стефан Димовски (Алкалоид) и Стреван Тевдовски (Гранит)

Џонсон МЕти(екипа на првото коло)

….
Осврт на првото коло од Бизнис Лигата на Македонија сезона 2018/2019

Во рамките на првото коло од овогодинешната Бизнис Лига беа одиграни 12 натпревари.
Првиот натпревар во оваа сезона го одиграа екипите на Окта и ЈСП
Интересни воведни минути одиграа двата тима, екипата на ЈСП беше таа што ја превзема иницијативата што резултираше со рано водство во 4та минута со одличниот погодок на Дејан Блажевски. Екипата на Окта брзо одговори на ова водство и веќе во 6та минута успеа да реализира напад за израмнување на резултатот. До крајот на полувремето се играше отворен фудбал со многу шанси и на двете страни, во таквата отворена игра поуспешна ова полувреме беше екипата на Окта која на паузата замина со поволен резултат од 3-2. На стартот од второто полувреме екипата на ЈСП направи неколку промени во тимот, во игра внесе голман играч што резултираше со израмнување во 22та минута. Овој погодок им даде дополнителен мотив на екипата на ЈСП која тргна поагресивно кон противничкиот гол и во средината на полувремето успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Екипата на Окта со сите сили, најчесто преку контра напади се обидуваше да се врати резултатски во игра но екипата на ЈСП рутинирано успеа да го приврши натпреварот со резултат во своја корист од 6-4.

Стрелци на головите беа:
Окта: Славчо Стојковски 6’ Александар Јовчевски 10’ Шеќо Личина 19’ Драганчо Ѓорѓиевски 40’
ЈСП: Дејан Блажевски 4’ 7’ Маријан Србиновски 22’ Сабит Хусеини 26’ Љупчо Павловиќ 31’ Сашо Георгиев 38’

Екипите на Еуро Табак и Алкалоид ги поделија бодовите во вториот дуел
Одличен почеток за екипата на Алкалоид која уште на самиот старт во втората минута преку Димовски успеа да го отвори резултатот. Овој брз погодок навестуваше отворена игра со многу шанси и на двете страни. Екипата на Еуро Табак брзо успеа да се врати од овој шок и во 5та минута да погоди за израмнување. До крајот на полувремето екипата на Алкалоид имаше повеќе од играта но екипата на Еуро Табак успеа да искористи грешка во одбраната и да го изедначи резултатот на 2-2. Во второто полувреме двете екипи приредија одличен фудбал, исполнет со многу атрактивни потези и прекрасни голови. Екипата на Алкалоид на стартот на полувремето успеа да го превземе водството по одличниот гол на Димовски, сепак екипата на Еуро Табак се покажа како екипа со цврст карактер и успеа резултатски да се врати во игра и во 31та минута да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на Алкалоид последните минути ги одигра со голман играч фрлајќи се на една карта и во 37та минута успеа да дојде до израмнување. На крајот натпреварот заврши со делба на бодовите со резултат од 4-4.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Никола Зафировски 5’ 17’ Дејан Младеновски 29’ Дејан Јанковски 31’
Алкалоид: Стефан Димовски 2’ 21’ Оливер Христовски 7’ Денис Салковски 37’
Мепсо се разбуди во второто полувреме и дојде до победа над Пекабеско
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Мепсо и Пекабеско, екипите се одредија за нешто позатворена игра внимавајќи повеќе на својот гол. Со повремени контра напади и удари од далечниа се обидуваа да го отворат резултатот, но за одбележување се неколкуте одлични интервенции на голманите кои успеаа да ги сочуваат своите мрежи мирни до полувремето. Во второто полувреме двете екипи започнаа со поагресивна, напаѓачка игра. Во 23та минута екипата на Пекабеско успеа да одработи одличен напад но сепак дирекот беше сојузник на екипата на Мепсо. Оваа изгледна прилика на Пекабеско како да ја разбуди екипата на Мепсо која тргна во целосна офанзива и за неколку минути успеа да оствари предност која до крајот на натпреварот доста искусно ја одржуваше. Натпреварот заврши со резултат од 5-0

Стрелци на головите беа:
Мепсо: Александар Јакимовски 25’35’ Диме Рошковски 38’ Борис Трајковски 27’ Томи Честоилов 40’

Макпетрол беше убедлив во дуелот со Рамстор
Екипите на Макпетрол и Рамстор го започнаа вториот натпреварувачки ден од првото коло. Екипата на Рамстор настапи значително ослабена без неколку клучни играчи. Уште на самиот старт екипата на Макпетрол вршеше притисок во предно поле и со доста агресивна игра наметна ритам со кој олабениот Рамстор не можеше да се снајде Па на полувремето Макпетрол замина со предност од 6-0. Во второто полувреме од минута во минута Макпетрол го зголемуваше водството со што опаѓаше моралот на Рамстор кој на крајот го загуби овој натпревар со 16-1.

Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Игор Стојковски 2′ 20′ 23′ 35′ Марко Костенцовски 2′ 21′ 26′ Бернар Бакировски 9′ Горан Костенцовски 29′ 39′ 40′ Илчо Филиповски 18′ Ибраими Исмаил 36′ 40′ Мишо Ѓорѓиевски 10′ 25′
Рамстор: Фуркан Муртезани 31′

tabela

Ваикики и Вип одигра реми натпревар
Екипата на Вип овогодинешната сезона ја отвори против новакот во Бизнис Лигата екипата на Ваикики. Вип успеа уште во раната фаза од натпреварот преку Спасевски во 8та минута да дојде до водство кое Несторовски за нецела минута го претвори во 2-0. Ваикики успеа да ги консолидира своите редови и преку Салковиќ во 11та минута успеа да намали на 2-1, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме бевме сведоци на крајно израмнет натпревар се играше брз и отворен фудбал и на двете страни иако екипата на Вип го контролираше натпреваор со гол предност. Ваикики во самиот финиш успеа да постигне погодок за изедначување на 3-3 што беше доволно за делба на бодовите.
Стрелци на головите беа:
Ваикики: Едит Салковиќ 11′ Армин Дрпљанин 37′ Иљаз Ајдини 29′
Вип: Никола Спасевски 8′ 25′ Бобан Несторовски 9′

Божиков во финишот од натпреварот и донесе победа на Фабрика Карпош – ГИМ
Исклучително израмнет натпревар одиграа екипите на Фабрика Карпош -ГИМ и ЕЛЕМ. Во текот на целото полувреме се играше крајно израмнето. и на двете страни се играше цврсто во одбраната што им овозможуваше преку контра напади да доаѓаат до отворени шанси за гол. Двете екипи успеаа да постигнат по 4 гола и со израмнет резултат да заминат на паузата. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и резултатот беше израмнет се до 37та минута кога Фабрика Карпош – Гим преку Александар Божиков успеа да поведе со 6-5. ЕЛЕМ иако со голман играч не успеа да го израмни резултатот па на крајот Фабрика Карпош -ГИМ славеше со 6-5.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – Гим: Кристијан Панев 7′ Александар Божиков 11′ 19′ 36′ Ѓорѓи Божиков 17′ 32′
ЕЛЕМ: Златко Станковски 3′ 15′ Влатко Петровски 30′ Ивица Апостоловски 21′ Влатко Поповски 13′

Во неизвесна завршница ЕВН беа поуспешни од Гранит
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и ЕВН, екипата на ЕВН беше та која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и успеа да створи повеќе шанси за гол од кои дел успеа да ги реализира за рано водство во натпреварот. Кон средината на натпреварот екипата на Гранит успеа да ги консолидира своите редови и резултатски да се врати во игра. Сепак екипата на ЕВН не се откажуваше лесно од рано стекнатото водство. На полувремето се замина 3-5. На стартот на второто полувреме екипата на Гранит успеа да постигне два погодоци и да го израмни резултатот. По ова израмнување следеше вистинска бркотница на теренот и во таквата игра поснаодлива беше екипата на ЕВН која успеа да го добие овој натпревар со резултат од 6-7.

Стрелци на головите беа:
Гранит: Дарко Петров 15′ 19′ Сашо Кароски – Џуме 16′ Стеван Тевдовски 22′ 39′ Пепи Мицев 21′
ЕВН: Наум Бадаловски 7′ 12′ 15′ 30′ 34′ Томи Илиевски 10′ Вилијам Митев 18′

Лукоил беше супериорен во дуелот со Уни Банка
Првото полувреме од натпреварот помеѓу Лукоил и Уни Банка помина во знакот на екипата на Лукоил. Уште на самиот почеток тие започнаа со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и воиграни акции и веќе во 5та минута имаа водство од 2-0. Екипата на Уни Банка со повремени контра напади се обидуваше да го изненади противникот но Лукоил одлично ја имаше поставено својата одбрана. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше целосна контрола врз играта и резултатот па на паузата се замина со резултат од 4-0 во корист на Лукоил. Во второто полувреме иста слика, потполна доминација на екипата на Лукоил и од минута во минута го зголемуваа водството за во финишот од натпреварот да дојдат до предност од 7-0. Сепак екипата на Уни Банка успеа да ја пробие одбраната на Лукоил и да реализира за на крајот да се приврши овој натпревар со 8-1 во корист на Лукоил.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Лоренцо Николовски 2′ 22′ Марјан Цветковски 5′ 19′ Дејан Зиков 17′ 29′ Мартин Алаѓозоски 24′ Стојанче Коцев 40′
Уни Банка: Александар Кузинаков 39′

najdobri strelci

Систина со пресврт дојде до победа над Борис Трајковски
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Систина и Борис Трајковски, уште на самиот старт двете екипи започнаа со офанзивен стил на игра и се редеа шанси за гол на двете страни. Екипата на Борис Трајковски беше поконкретна и успеа своите шанси да ги претвори во погодоци за солидно водство од 3-0. Кон крајот на полувремето екипата на Систина направи неколку промени во играчкиот кадар и успеа да постигне два брзи погодоци и да се врати резултатски во игра. Сепак на полувремето се замина со предност од 2-3 за Борис Трајковски. Во второто полувреме екипата на Систина успеа да ги консолидира своите редови и со посериозен пристап да влезе во натпреварот што резултираше со целосен резултатски пресврт, кој успеаа да го сочуваат се до крајот и да го добијат натпреварот со 7-3.

Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиев 29′ 39′ Бојан Саздовски 30′ Кристијан Димковски 19′ Мирослав Неделковски 16′ Никола Трајковски 39′ 40′
Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 5′ Јован Димовски 12′ 13′

Џонсон Мети во второто полувреме до победа над Сава Осигурување
Првата фаза од полувремето од натпреварот помеѓу Џонсон Мети и Сава Осигурување му припадна на Џонсон Мети, тие уште на самиот почеток на натпреварот наметнаа високо темпо на игра и агресивно напаѓаа кон противничкиот гол што резултираше со водство од 2-0 до 6та минута. По ова водство екипата на Сава Осигурување кон средината на полувремето успеа да ги консолидира своите редови и до крајот на полувремето да ја анулира предноста па на полувремето се замина со изедначен резултат 2-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра и се водеше жестока борба по целиот терен. Уште на стартот на полувремето екипата на Џонсон Мети го превзема водството со што ја примора екипата на Сава Осигурување да фрли се на една карта тргнувајќи во нападот со цел да дојде до израмнување. Екипата на Џонсон Мети успеа да одолее на силниот притисок кој го вршеше екипата на Сава и го доби овој натпревар со резултат од 4-3.

Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 3′ 21′ Бране Стојановски 6′ Благоја Божиновски 22′
Сава Осигурување: Ивица Минов 7′ 19′ Коста Глигуровски 25′

slika

Во рововска борба Македонски Телеком и Уника ги поделија бодовите
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и Телеком, првиот дел од полувремето одмина со игра на средината на теренот каде и двете екипи ги испитуваа своите сили. Во средината на полувремето екипата на Телеком успеа да креира одлична контра и да ја претвори во погодок за водство од 1-0. Како се ближеше крајот на полувремето екипата на Телеком ја загуби концентрацијата а тоа успеа да го искористи екипата на Уника која преку евро гол на Чупи во 17та минута дојде до израмнување. До крајот на полувремето мрежите мируваа па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен екипата на Уника во 25та минута постигна погодок за водство но следуваше брз одговор преку Велигденов за уште едно израмнување. Во ваквата бркотница на теренот двете екипи се менуваа во водството но на крајот успеаа само да ги поделат бодовите со резултат од 4-4.

Стрелци на головите беа:
Уника: Шабан Чупи 17′ 25′ Бенјамин Граинца 36′ Арбен Нухиу 39′
Македонски Телеком: Даниел Анчевски 8′ 27′ 40′ Петре Велигденов 26′

Во дуелот на новаците Маркарт подобар од Искрател Груп
Дуелот помеѓу дебитантите Искрател Груп и Маркарт започна динамично и со висок ритам на игра. Екипата на Маркарт уште во првата минута го отвори резултатот, што навестуваше ефикасно полувреме. Брзо примениот погодок ја растури целата концепција на екипата на Искрател Груп и по ова следуваше вистинска канонада кон нивниот гол. До крајот на полувремето екипата на Маркарт ја контролираше играта и од минута во минута го зголемуваше водството за високи 0-7 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп со сите сили се обидуваше да го намали високото водство на екипата на Маркарт , но Маркарт ги одолеваше нападите на Искател Груп и го зголемуваше водството за на крај да го добиат овој натпревар 1-11.

Стрелци на головите беа:
Искрател Груп: Никола Велевски 36′
Маркарт: Миле Радевски 1′ Алмир Адиловиќ 3′ Диме Шољев 4′ 26′ Александар Ристовски 8′ Пеце Стојанов 11′ 13′ 38′ 39′ Тоше Трајковски 20′ 31′

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Наум Бадаловски (ЕВН) 5 гола
– Пеце Стојановски (Маркарт) 4 гола
– Ивица Стојковски (Макпетрол) 4 гола
– Александар Божиков (Фабрика Карпош – ГИМ) 3 гола
– Даниел Анчевски (Македонски Телеком) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Лоренцо Николовски (Лукоил), Игор Ѓорѓиевски (Систина), Јован Димовски (Борис Трајковски), Бојан Дејановски (Џонсон Мети), Стефан Димовски (Алкалоид) и Стреван Тевдовски (Гранит)

Екипа на колото: Џонсон Мети
Тренер на колото: Златко Атанасовски (Маркарт)
Голман на колото: Филип Поповски (Еуро Табак)