Осврт на седумнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија
Матрикс во вистински ритам во дуелот со ТАВ
Одличен старт за екипата на ТАВ во дуелот со Матрикс со погодокот на Насковски во 7та минута за водство од 0-1. Следуваше брз одговор од старана на Матрикс со погодок во 8та минута и израмнување на 1-1. Во истата минута екипата на ТАВ успеа посвторно да стрела за водство од 2-1, по оваа негатива екипата на Матрикс направи неколку промени во тимот што резултираше со израмнување во 12та минута. До крајот на полувремето екипата на Матрикс имаше повеќе од играта и на полувреме замина со предност од 5-2. Во второто полувреме екипата на ТАВ со сите сили се обиде да фати резултатски приклучок но екипата на Матрикс ги затвори сите приоди кон својот гол, од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да извојува висока победа од 11-4
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Дарко Цветковски 38’ Антонио Богдановски 12’ 18’ 32’ Ивица АЛампиоски 8’ 29’ Роберт Тасевски 22’ 24’ Панче Дангев 37’ Симеон Коцевски 19’ 20’
ТАВ: Тодорче Насковски 7’ 29’ 40’ Мартин Арсовски 8’
ЈСП и Сава Осигурвање ги поделија бодовите
Динамично прво полувреме одиграа екипте на Сава Осигурување и ЈСП, прва до водство дојде екипата на ЈСП со погодокот на Фидановски во 8та минута, веќе следната минута стрелаше повторно за водство од 0-2. Следуваше одговор на екипата на Сава Осигурвање со погодкот на Марковски во 10та минута за резултат од 1-2. Во 11та минута екипата на ЈСП го зголеми водството на 1-3 со третиот погодок на денес расположениот Фидановски. До крајот на полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 2-3. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување со погодокот на Марковски успеа да дојде до израмнување од 3-3. По ова израмнување двете екипи ставија фокус на својата одбрана и се водеше беспоштедна борба на секоја педа од теренот. Во 33та минута Фидановски успеа да искористи еден кикс во одбраната на Сава Осигурување и да ја доведе својата екипа до водство од 3-4. До крајот на натпреварот екипата на Сава Осигурување бркаше израмнување што и успеа во 37та минута за поделба на бодовите во овој натпревар.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Јовица Марковски 10’ 22’ 37’ Данило Апостолски 18’ Трајче Илиевски 39’
ЈСП: Тихо Фидановски 8’ 9’ 11’ 33’ 36’
ФК на глуви Слобода со одлично второ полувреме до победа над А1
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на А1 и ФК на глуви Слобода, прва во водство дојде екипата на ФК на глуви Слобода со погодок во 10та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на А1 со погодокот на Тодоровски во 12та минута и израмнување на 1-1. По овие погодоци следуваше жестока борба по целиот терен, и кога се очекуваше дека на полувремето дека ќе се замине со овој резултат во последната минута од полувремето паднаа два прекрасни погодоци, стрелаше Спасевски за водство на А1, а израмни Чеховиќ за 2-2 на полувремето. Во второто полувреме се продложи во високо темпо на игра во кое екипата на ФК на глуви Слободаимаше повеќе од играта, ги искористи своите рилики за гол и заслужено го доби овој натпревар со 2-5.
Стрелци на голвите беа:
А1: Мартин Тодоровски 12’ Никола Спасевски 20’
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 20’ Јасин Алими 31’ Илијас Бахтијар 10’ 28’ 36’
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Макпетрол | 17 | 16 | 0 | 1 | 109 | 35 | 73 | 48 |
2 | Матрикс | 17 | 15 | 1 | 1 | 131 | 50 | 81 | 46 |
3 | Ван Хоол | 17 | 14 | 3 | 0 | 88 | 40 | 48 | 45 |
4 | Џонсон Мети | 18 | 15 | 0 | 3 | 94 | 57 | 37 | 45 |
5 | Рамстор | 17 | 12 | 4 | 1 | 89 | 52 | 37 | 40 |
6 | ЈСП | 17 | 11 | 3 | 3 | 104 | 57 | 47 | 36 |
7 | Фабрика Карпош – ГИМ | 17 | 10 | 4 | 3 | 90 | 59 | 31 | 34 |
8 | Еуро Табак | 17 | 10 | 2 | 5 | 103 | 74 | 29 | 32 |
9 | Џоjсон Сејфти Системс | 17 | 9 | 4 | 4 | 87 | 71 | 16 | 31 |
10 | Лукоил | 17 | 10 | 1 | 6 | 98 | 98 | 0 | 31 |
11 | Гранит | 18 | 9 | 3 | 6 | 85 | 65 | 20 | 30 |
12 | А1 | 17 | 9 | 2 | 6 | 96 | 85 | 11 | 29 |
13 | Сава Осигурување | 18 | 9 | 2 | 7 | 87 | 75 | 12 | 29 |
14 | Македонски Телеком | 17 | 8 | 1 | 8 | 84 | 69 | 14 | 25 |
15 | ЕВН | 17 | 8 | 0 | 9 | 70 | 77 | -7 | 24 |
16 | ФК на Глуви Слобода | 19 | 7 | 3 | 9 | 71 | 83 | -12 | 24 |
17 | Аптив | 16 | 6 | 4 | 6 | 85 | 71 | 14 | 22 |
18 | Аџибадем Систина | 17 | 6 | 2 | 9 | 87 | 91 | -4 | 20 |
19 | Пекабеско | 17 | 5 | 2 | 10 | 74 | 95 | -21 | 17 |
20 | Окта | 19 | 5 | 1 | 13 | 62 | 83 | -21 | 16 |
21 | ЕЛЕМ | 19 | 5 | 0 | 14 | 60 | 101 | -41 | 15 |
22 | Уни Банка | 18 | 4 | 1 | 13 | 81 | 113 | -32 | 13 |
23 | Тиквеш | 15 | 3 | 1 | 11 | 64 | 105 | -39 | 10 |
24 | ЈП Водовод | 17 | 3 | 0 | 14 | 76 | 106 | -30 | 9 |
25 | МЕПСО | 19 | 2 | 1 | 16 | 55 | 101 | -46 | 7 |
26 | Уника | 18 | 1 | 1 | 16 | 32 | 146 | -114 | 4 |
27 | ТАВ | 17 | 0 | 2 | 15 | 49 | 118 | -69 | 2 |
Гранит со тимска игра до победа над Водовод
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Водовод,уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Гранит во 10та минута, следуваше брз одговор на екипата на Водовод за израмнување уште во истата минута. Неколку минути подоцна поточно во 12та минута екипата на Водовод стрелаше за водство од 1-2, по оваа негатива екипата на Гранит започна со агресивна игра што и донесе израмнување во 14та минута а во 17та минута и погодок за водство од 3-2 и целосен резултатски пресврт. А до крајот на полувремето успеаа и да го зголемат водството на 4-2. Во второто полувреме на самиот старт екипата на Гранит го зголеми водството на 5-2, за кратко време имаше одговор од Водовод за повторно намалување на 2 разлика. До крајот на натпреварот екипата на Гранит имаше подобра игра во одбраната и нападот со што не дозволи на екипата на Водовод резултатски да се доближи па го доби овој натпревар со 8-5.
Стрелци на головите беа:
Гранит: Дарко Петров 28’ 30’ Пепи МИцев 20’ 34’ Николче Глигуровски 14’ 22’ Ненад Антовски 10’ Александар Димитровски 17’
Водовод: Авни Ајвази 10’ Горан Николовски 25’ Сашо Каровчевиќ 12’ 23’ 39’
Џонсон Мети со пресврт дојде до победа над Уни Банка
Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот против Џонсон Мети со погодокот на Саздовски во 3та минута. Овој рано постигнат погодок за Уни Банка им даде дополнителен мотив да тргнат уште поагресивно кон голот на Џонсон Мети што им донесе нов погодок во 9та минута за водство од 2-0. По ова екипата на Џонсон Мети започна со агресивна игра и вршеше притисок со цел да фати резултатски приклучок што им успеа со голот на Божиновски во 11та минута. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка успеа да ја сочува предноста од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок за израмнување, по овој израмнувачи погодок се продолжи со жестока борба во која поуспешна беше екипата на Џонсон Мети која успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 4-5.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ Ненад Саздовски 3’ 9’ 27’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 21’ Благојче Божиновски 11’ 25’ 28’ Христијан Стојановски 33’
Во натпревар полн со пресврти Ван Хоол подобар од Окта
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Окта и Ван Хоол, прва до водство дојде екипата на Ван Хоол со погодокот на Стаменковски во 8та минута. По оваа негатива екипата на Окта се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, екипата на Ван Хоол успеваше да одолее на овој притисок се до 19та минута кога екипата на Окта успеа да реализира за 1-1 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Окта успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт што значеше и промена на улогите па сега екипата на Ван Хоол бркаше израмнување. Екипата на Ван Хоол вршеше константен притисок кон голот на Окта што вроди со плод во 29та минута за израмнување на резултатот, а неколку минути подоцна поточно во 32та минута за повторно водство на Ван Хоол со 2-3. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол имаше повеќе од играта па го сочува водството и го доби овој натпревар со 2-5
Стрелци на головите беа:
Окта: Живко Котевски 23’ Наум Костовски 19’
Ван Хоол: Антонио Петровски 29’ Даниел Стаменковски 8’ 40′ Владо Здравков 32’Ненад Атанасов 40
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 13 | Фабрика Карпош - ГИМ |
2 | / | Мартин Ливрински | 12 | ЈСП |
3 | 28 | Душан Спасеновски | 10 | ЕЛЕМ |
4 | / | Живе Ѓорѓиевски | 8 | ВДЛ Ван Хоол |
5 | 2 | Вилијам Митев | 7 | ЕВН |
Група Б | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 18 | Bestway Solution |
2 | 19 | Арбен Нухиу | 15 | УНИКА |
3 | 15 | Дамјан Петревски | 14 | Тиквеш |
4 | 5 | Кристијан Димковски | 14 | Аџибадем Систина |
5 | 7 | Бојан Петковски | 11 | Атлантик Груп |
МЕПСО со одлична игра до победа над Еуро Табак
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и МЕПСО, прва до погодок дојде екипата на МЕПСО со погодок во 2та минута. По оваа негатива екипата на Еуро Табак направи неколку промени во тактиката и започна агресивно да напаѓа кон голот на МЕПСО што им донесе израмнување во 16та минута. Последните минути од полувремето беа супер интересни и во кои екипата на МЕПСО беше поснаодлива и замина со предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак тргна во целосна офанзива по израмнување, но екипата на МЕПСО успеваше да одолее на притисокот и да го добие овој натпревар со 3-4.
Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Мартин Ливрински 17’ Дејан Јанковски 16’ 40’
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 2’ 39’ Борис Трајковски 17’ 20’
ЕЛЕМ немаше сили за пресврт со Џојсон Сејфти Системс
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Џојсон Сејфти Системс, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со погодок во 7та минута. Екипата на Џојсон Сејфти Системс за брзо време спреми одговор веќе во истата минута успеа да постигне погодок за израмнување. Овој погодок имм даде дополнителен мотив да тргнап уште поагресивно кон голот на ЕЛЕМ што им донесе погодоци во 11та и 13та минута за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ се обидуваше резултатски да се врати во игра но не успеа во таа намера па екипата на Џојсон Сејфти Системс на полувреме замина со предност од 1-5. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра екипата на ЕЛЕМ со агресивна игра од минута во минута ја топеше високата предност од полувремето и успеа да го доведе натпреварт во неизвесна завршница кога во 35та минута успеа да го израмни резултатот на 5-5. Сепак во финишот од натпреварот екипата на Џојсон Сејфти Системс направи неколку одлични акции и повторно дојде до водство и победа од 5-8.
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 32’ 34’ Златко Станкоски 7’ Влатко Петровски 27’ Кристијан Јосифовски 25’
Џојсон Сејфти Системс: Даниле Велановски 13’ 36’ Нерди Бајрами 11’ 35’ 38’ Живко Стојкоски 17’ Борче Аргиловски 7’ 20’
Лукоил со пресврт во до победа над Аџибадем Систина
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Аџибадем Систина, прва до водство дојде екипата на Систина уште во 2та минута од натпреварот. Лукоил веќе следната минута со одличен погодок успеа да го израмни резултатот на 1-1. Екипата на Систина успеа да искористи две грешки во одбраната на Лукоил и со одлични погодоци да дојде до золидна предност од 1-3. До крајот на полувремето екипата на Лукоил притискаше кон голот на Систина со цел да дојде до израмнување сепак не успеа до тоа па на паузата се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина продолжи со одлична игра и успеа да ја зголеми предноста од полувремето. Екипата на Лукоил на сите можни начини се обидуваше да ја пронајде својата игра и резултатски да се врати во натпреварот во што успеа па во 38та минута успеаа да дојдат до израмнување и да ги направат последните минути од натпреварот вистинска драма. Во полседните моменти од натпреварот екипата на Лукоил со одличниот погодок на Мојсоски успеа да дојде до победата на резултат од 7-6.
Стрелци на головите беа:
Лукоил: Марјан Цветковски 26’ Дејан Зиков 13’ 36’ Мартин Алаѓозовски 3’ 32’ Гоце Мојсоски 39’ Васко Стефанов 38’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 13’ Влатко Кузмановски 26’ Мирослав Неделковски 3’ Диме Стевковски 29’ Ерџан Ибиши 11’ 27’
Рамстор со цврста одбрана и брзи контри дојде до победа над ЕВН
Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со ЕВН со двата погодоци во 2та и 4та минута, по ова екипата на ЕВН започна со поагресивна игра што и донесе погодок во 6та минута за намалување на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Рамстор беше поконкретна и своите шанси ги претвори во гол па на полувреме замина со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на ЕВН се обидуваше со промена на тактиката користејќи во фаза на напад голман играч со цел да створи вишок во нападот како би била поопасна кон противничкиот гол, но екипата на Рамстор одлично ја постави својата одбрана а казнуваше преку контра напади за конечна победа од 8-4.
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Кадир Јахија 2’ 14’ 26’ 40’ Фуркан Муртезан 33’ Ибрахим Бекир 11’ Енгин Мемеди 4’ 38’
ЕВН: Наумче Бадаловски 6’ Бојан Симоновски 37’ Томи Илиевски 39’ Виктор Валканчев 40’
Макпетрол со тимска игра до победа над Аптив
Прво полувреме исполнето со многу шанси и на двете страни одиграа екипите на Макпетрол и Аптив. Екипата на Макпетрол во 7та минута од полувремето успеа еден контра напад да го претвори во погодок и водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Аптив започна со нешто понапаѓачка игра со цел да дојде до израмнување, но таквата игра ги остави ранливи во одбраната што знаеше да го искористи екипата на Макпетрол и преку контра напади да казнува за резултат од 3-0 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Аптив со сите сили се обидуваше да стори нешто повеќе во овој натпревар но екипата на Макпетрол со сигурна игра рутинирано го приведе овој натпревар во своја полза со конечен резултат од 7-4
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 16’ 18’ 22’ 36’ Никола Секуловски 21’ Александар Мишоски 38’ Горан Новакоски 7’
Аптив: Марковски Александар 40’ Трајковски Иле 25’ Стаматовски Кире 29’ 39’
Тиквеш со краток ростер не можеше да му парира на Пекабеско
Првата фаза од полувремето во целост и припадна на екипата на Пекабеско која во 2та минута го отвори резултатот со погодокот на Чаловски. Екипата на Тиквеш неколку минути подоцна односно во 5та минута успеа да израми на 1-1. По овој израмнувачки погодок следуваа одлични минути за екипата на Пекабеско која до 11та минута успеа да стигне до предност од 1-4. До крајот на полувремето екипата на Тиквеш се бидуваше да ја намали негативата, но не успеа во тоа па на полувреме се замина со 1-4 во корист на Пекабеско. Во второто полувреме екипата на Тиквеш и покрај скратениот ростер на играчи со сите сили се обидуваше да ја пронајде својата игра и да фати резултатски приклучок, но екипата на Пекабеско не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-9.
Стрелци на головите беа:
Тиквеш: Гоце Ивановски 5’ 29’ 35’
Пекабеско: Алвин Бачко 22’ 37’ Александар Арсиќ 27’ Мартин Чаловски 2’ 8’ Никола Миновски 10’ 11’ 31’ Ерсан Зекир 39’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Тихо Фиданоски (ЈСП) 5 гола
– Мишо Ѓорѓиовски (Макпетрол) 4 гола
– Антонио Богдановски (Матрикс) 3 гола
– Кадир Јахија (Рамстор) 4 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Нерди Бајрами (Џојсон Сејфти Системс),Сашо Каровчевиќ (Водовд), Даниел Стаменковски (Ван Хоол), Кире Стаматовски (Аптив), Ненад Саздовски (Уни Банка), Јовица Марковски (Сава Осигурување), Тодорче Насковски (ТАВ), Николче Глигуровски (Гранит), Мартин Чаловски (Пекабеско), Гоце Ивановски (Тиквеш)
Екипа на колото: МЕПСО
Тренер на колото: Гоце Андев (Ван Хоол)
Голман на колото: Зоран Деспотовски (Гранит)