Во рамките на тринаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија, последното коло од есенскиот дел беа одиграни 11 одлични натпревари.
ЈСП мотивирано до победа до Џонсон Мети
Екипата на ЈСП во дуелот со Џонсон Мети влезе со максимално сериозен пристап доста мотивирано уште на самиот почеток од натпреварот. Ваквата нивна игра како да го изненади Џонсон Мети па ЈСП од минута во минута го зголемуваше водството не давајќи му на Џонсон Мети да влезе во вистински ритам. Па го доби полувремето со 0-3. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одлична игра, но мораме да напоменеме дека ги красеше колективната и тимска игра која вроди со плод и во второто полувреме. Екипата на Џонсон Мети немаше своја вечер не можеше да го фати вистинскиот ритам па на крајот го загуби овој натпревар со 2-5.
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Бране Стојановски 36’ 27’
ЈСП: Велко Серафимовски 20’ Тихо Фидановски 8‘ 10’ 29’ 40
Даиловски го водеше Матрикс до победа над А1
Екипата на Матрикс во дуелот со А1 уште на самиот старт прикажа одлична игра во која играше доста цврсто во одбраната што им овозможи преку брзи контра напади да дојде префектно реализиран напад. Екипата на А1 беше значително ослабена со краток ростер па во првото полувреме не можеше да му парира на реасположениот Матрикс кој го доби полувремето со 4-0. Во второто полувреме екипата на А1 преку расположениот Ангеловски се обидуваше да фати резултатски приклучок, но Матрикс имаше долга клупа и со чести измени успеа да го одржи високиот ритам на игра со кој на крајот славеше со 8-4.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Петре Даиловски 4’ 8’ 31’ 34’ Дарко Цветковски 31’ Мирко Богески 6’ 28’ Антонио Богдановски 15’
А1: Мартин Ангеловски 21’ 28’ Иле Никодиновски 36’ Мартин Ташкоски 40’
Рамстор со голман играч до победа над ФК на глуви Слобода
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Рамстор, уште на самиот старт екипата на Слобода ја превзеде иницијативата и напдна кон голот на Рамстор. Таквата игра им донесе предност во 12та минута од натпреварот. По оваа негатива екипата на Рамстор се префрли на противничко поле и вршеше предност со цел да дојде до израмнување, но екипата на Слобода одлично ја постави одбраната не дозволи изненадување и на полувреме се змаина со 1-0. Во второто полувреме екипата на Рамстор фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива што им донесе резултатво 30та минута со голот на Муртезан за израмнување на 1-1. Веќе следната минута со голот на Мемеди успеаа да направат целосен резултатски пресврт, екипата на Слобода успеа да одговори во 36та минута за повторно израмнување на 2-2. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор со голман играч створи вишок во нападот и успеа да постигне погодок за победа од 2-3. За одбележување на овој натпревар е и одбранетиот пенал на Мурселов.
Стрелици на головите беа:
ФК на глуви Слобода: Јасин Алими 12’ Ибо Шакири 36’
Рамстор: Енгин Мемеди 32’ Ведат Арслан 40’ Фуркан Муртезан 31
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Макпетрол | 17 | 16 | 0 | 1 | 109 | 35 | 73 | 48 |
2 | Матрикс | 17 | 15 | 1 | 1 | 131 | 50 | 81 | 46 |
3 | Ван Хоол | 17 | 14 | 3 | 0 | 88 | 40 | 48 | 45 |
4 | Џонсон Мети | 18 | 15 | 0 | 3 | 94 | 57 | 37 | 45 |
5 | Рамстор | 17 | 12 | 4 | 1 | 89 | 52 | 37 | 40 |
6 | ЈСП | 17 | 11 | 3 | 3 | 104 | 57 | 47 | 36 |
7 | Фабрика Карпош – ГИМ | 17 | 10 | 4 | 3 | 90 | 59 | 31 | 34 |
8 | Еуро Табак | 17 | 10 | 2 | 5 | 103 | 74 | 29 | 32 |
9 | Џоjсон Сејфти Системс | 17 | 9 | 4 | 4 | 87 | 71 | 16 | 31 |
10 | Лукоил | 17 | 10 | 1 | 6 | 98 | 98 | 0 | 31 |
11 | Гранит | 18 | 9 | 3 | 6 | 85 | 65 | 20 | 30 |
12 | А1 | 17 | 9 | 2 | 6 | 96 | 85 | 11 | 29 |
13 | Сава Осигурување | 18 | 9 | 2 | 7 | 87 | 75 | 12 | 29 |
14 | Македонски Телеком | 17 | 8 | 1 | 8 | 84 | 69 | 14 | 25 |
15 | ЕВН | 17 | 8 | 0 | 9 | 70 | 77 | -7 | 24 |
16 | ФК на Глуви Слобода | 19 | 7 | 3 | 9 | 71 | 83 | -12 | 24 |
17 | Аптив | 16 | 6 | 4 | 6 | 85 | 71 | 14 | 22 |
18 | Аџибадем Систина | 17 | 6 | 2 | 9 | 87 | 91 | -4 | 20 |
19 | Пекабеско | 17 | 5 | 2 | 10 | 74 | 95 | -21 | 17 |
20 | Окта | 19 | 5 | 1 | 13 | 62 | 83 | -21 | 16 |
21 | ЕЛЕМ | 19 | 5 | 0 | 14 | 60 | 101 | -41 | 15 |
22 | Уни Банка | 18 | 4 | 1 | 13 | 81 | 113 | -32 | 13 |
23 | Тиквеш | 15 | 3 | 1 | 11 | 64 | 105 | -39 | 10 |
24 | ЈП Водовод | 17 | 3 | 0 | 14 | 76 | 106 | -30 | 9 |
25 | МЕПСО | 19 | 2 | 1 | 16 | 55 | 101 | -46 | 7 |
26 | Уника | 18 | 1 | 1 | 16 | 32 | 146 | -114 | 4 |
27 | ТАВ | 17 | 0 | 2 | 15 | 49 | 118 | -69 | 2 |
Лукоил со пресврт до победа над ТАВ
Динамично прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Лукоил, екипата на ТАВ беше таа која во почетокот од полувремето ја превзема иницијативата и го отвори натпреварот со погодок во 3та минута. Кон средината на полувремето односно 12та минута екипата на Лукоил со голот на Мојсовски успеа да израмни на 1-1. Следуваше брз одговор на ТАВ со погдок во 13та минута за повторно водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Тав имаше повеќе од играта па на полувреме отиде со заслужена предност од 4-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил започна со жесток притисок кон голот на ТАВ што им донесе израмнување во 24та минута. Овој погодок им даде силен мотив да продолжат со таквото темпо на игра што им донесе предност во 28та минута 4-5. И покрај обидите на ТАВ резултатски да се врати во игра во овој натпревар, екипата на Лукоил не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 6-11.
Стрелци на головите беа:
ТАВ: Марио Симич 3’ 17’ 19’ 29’ Тодорце Насковски 36’ Горан Павловски 13’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 18’ 24’ 28’ 37’ Гоце Мојсовски 12’ Лоренцо Николовски 19’ 38’ 40’ Антони Фенов 30’ 33’ 39’
Џојсон Сејфти Системс во финишот од натпреварот до победа над Фабрика Карпош – ГИМ
Првиот дел од полуивремето во дуелот помеѓу Џојсон Сејфти Системс и Фабрика Карпош – ГИМ и припадна на Џојсон Сејфти која одлично го отвори натпреварот со погоок во првата минута а веќе во 9та минута со втор погодок за 0-2. Вториот дел од полувремето и припадна на екипата на Фабрика Карпош која започна со поагресивна игра што донесе плод во 11та и 13та минута за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат уште по еден погодок за резултат од 3-3 на полувреме. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра, во кое екипата на Фабрика КАрпош со погодок во 24та минута се стекна со предност од 3-4. Екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да одговори во 31та минута со погодкот на својот голман Велановски за израмнување на 4-4. До крајот на натпреварот екипата на Џојсон Сејфти Системс имаше повеќе од играта па дојде до победа од 7-4.
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Даниел Велановски 31’ Живко Стојановски 1’ Борче Аргиловски 9’ 18’ 35’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 11’ Кристијан Панев 19’ Филип Илиевски 24’ Тони Котев 15’
Сава Осигурување со тимска игра до победа над Аптив
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Аптив и Сава Осигурување, во првиот дел од полувремето екипата на Сава Осигурување беше таа која го имаше поседот на топката што успеа и да го претвори во водство со погодоците на Глигуровски во 8та и Апостолски во 12та минута. По оваа негатива екипата на Аптив се префрли на противничко поле со цел да фати резултатски приклучок што им успеа во 19та минута со голот на Тодоровски за резултат од 1-2. Следуваше брз одговор на Сава Осигурвање со погодокот на Марковски за предност од 1-3 сепак во последните моменти од полувремето екипата на Аптив успеа да постигне погодок за резултат од 2-3 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Аптив тргна во целосна офанзива по израмнување, таквата отворена игра остави празнина во одбраната што екипата на Сава Осигурување знаеше да ја искористи и од минута во митута ја зголемуваше предноста за на крајот да го доби овој дуел со резултат од 4-8
Стрелци ан головите беа:
Аптив: Марковски Александар 40’ Тодоровски Марјан 19’ Ќамилов Никола 35’ Стаматовски Кире 20’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 19’ 39’ Коста Глигуровски 8’ 27’ 34’ 40’ Трајче Илиевски 31’ Данило Апостоловски 12’
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 13 | Фабрика Карпош - ГИМ |
2 | / | Мартин Ливрински | 12 | ЈСП |
3 | 28 | Душан Спасеновски | 10 | ЕЛЕМ |
4 | / | Живе Ѓорѓиевски | 8 | ВДЛ Ван Хоол |
5 | 2 | Вилијам Митев | 7 | ЕВН |
Група Б | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 18 | Bestway Solution |
2 | 19 | Арбен Нухиу | 15 | УНИКА |
3 | 15 | Дамјан Петревски | 14 | Тиквеш |
4 | 5 | Кристијан Димковски | 14 | Аџибадем Систина |
5 | 7 | Бојан Петковски | 11 | Атлантик Груп |
Уни Банка немаше доволно сили за целосен пресврт со ЕВН
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Уни Банка, екипата на ЕВН уште на самиот старт наметна високо темпо на игра и ја превзема иницијативата. Што им донесе водство во 9та минута со погодокот на Илиевски. По оваа негатива екипата на Уни Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да креираат неколку шанси но имаа слаба реалзиација па не успеаа во таа намера па на полувремето се замина со резултатот од 9та минута 1-0 за ЕВН. Во второто полувреме екипата на Уни Банка уште на самиот старт успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување, веќе следната минута екипата на ЕВН успеа да реализира и повторно ја превзема предноста во овој натпревар. До крајот на натпреварот екипата на Уни Банка бркаше израмнување но екипата на ЕВН не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-2.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Томи Илиевски 9’ 22’ Ајет Новобрдалија 39’
Уни Банка: Ивица Орозовски 21’ Ангел Петков 40
Во драматична завршница Тиквеш поуспешни од Водовод
Одличен старт за екипата на Тиквеш со погодокот на Гоцевски во 6та минута, по оваа негатива екипата на Водовод се префрли на противничко поле и тргна по израмнување. Екипата на Водовод започна со доста офанзивна игра, а екипата на Тиквеш одлично ја постави својата игра во одбраната а преку еден контра напад во 13та минута со голот на Марков успеа да го зголеми водството на 0-2. До крајот на полувремето девете екипи постигнаа по еден погодок и на полувремето се змаина со 1-3. Во второто полувреме екипата на Водовод успеа да постигне два брзи погодоци и да дојде до израмнување до крајот на натпреварот двете екипи наизменично се менуваа во водството за во 38та минута да се дојде до нерешен резултат од 6-6 што ги направи последните минути вистинска драма. Во ваквата драматична завршница поуспешна беше екипата на Тиквеш која го доби овој натпревар со 6-7
Стрелци на головите беа:
Водовод: Авни Ајвази 31 33’ Јакуп Зекири 34’ 38’ Стефан Лазарески 20’ 22’
Тиквеш: Орде Ивановски 33’ Нинослав Рангеловски 35’ Деко Марков13’ Филип Велјановски 40’ Гоце Коцевски 6’ 19’ 38’
Окта и Пекабеско ги поделија бодовите
Одличен старт за екипата на Пекабеско во дуелот со Окта со погодок во 3та минута за водство од 1-0. Неколку минути подоцна односно во 5та минута екипата на Окта спреми одговор и успеа да дојде до израмнување. По ова израмнување екипата на Окта започна со поагресивна игра и се префрли на противничко поле што и донесе предност од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Пекабеско започна со силен притисок па успеа преку Чаловски во 28та минута да дојде до израмнување. Во 33та миута од натпреварот екипата на Пекабеско преку Арсиќ успеа да реализира еден контра напад за целосен пресврт и предност од 3-2. До крајот на натпреварот екипата на Окта вршеше притисок и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, во што успеа во последната минута од натпреварот за реми од 3-3.
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Александар Арсиќ 33’ Мартин Чаловски 28’ Никола Миновски 3’
Окта: Живко Котевски 40’ Драганче Стојновски 5’ 18’
Аџибадем Систина со сигурна игра до победа над ЕЛЕМ
Мирно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и ЕЛЕМ, двете екипи влегоа претпазливо во овој натпревар. Во 6та минута од натпреварот екипата на Аџибадем Систина успеа да искористи кикс во одбраната на ЕЛЕМ и да го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ се префрли на рпотивничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување но екипата на Систина одлично ја постави својата одбрана не дозволи изненадување и во последните минути од полувремето го зголеми водството со погодокот на Неделковски за 2-0. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Екипата на Систина во 30та минута успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-0. Неколку минути подоцна екипата на ЕЛЕМ одговори со погодок во 36та минута и го намали водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на Систина имаше целосна контрола врз играта па го доби овој натпревар со 5-2.
Стрелци ан головите беа:
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 39’ Далибор Дамјановиќ 39’ Златко Бошковски 30’ Мирослав Неделковски 6’ 20’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 36’ Златко Станковски 40’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Коста Глигуровски (Сава Осигурување) 4 гола
– Тихо Фидановски (ЈСП) 4 гола
– Петре Даиловски (Матрикс) 4 гола
– Мартин Алаѓозовски (Лукоил) 4 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Гоце Коцевски (Тиквеш), Борче Аргиловски (Џојсон Сејфти Системс), Лоренцо Николовски (Лукоил), Антонио Фенов (Лукоил), Мирко Богески (Матрикс), Томи Илиевски (ЕВН), Јовица Марковски (Сава Осигурување), Драганче Стојановски (Окта), Мартин Ангеловски (А1), Јакуп Зекири (Водовод), Авни Ајвази (Водовод), Мирослав Неделковски (Еуро Табак)
Екипа на колото: Матрикс
Тренер на колото: Јован Младеновиќ (Матрикс)
Голман на колото: Филип Поповски (Еуро Табак)