Во рамките на четвртото коло беа одиграни 13 возбудливи натпревари полни со пресврти одлични индивидуални акции и прекрасни погодоци.
Еуро Табак ја сочува предноста од првото полувреме и го доби дуелот со ЕЛЕМ
Чeтвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак уште во 4та минута. По ова рано водство на екипата на Еуро Табак екипата на ЕЛЕМ се префрли на противничко поле што ја остави ранлива во одбраната што Еуро Табак вешто го искористи за зголемување на водството на 0-2. Екипата на ЕЛЕМ направи промена во играчкиот состав што донесе резултат и во 12та минута успеаа да го намалат водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак го подигна темпото на игра па на паузата замина со сигурно водство од 1-5. Во второто полувреме двете екипи прикажаа цврста и изедначена игра, екипата на ЕЛЕМ направи промена во тактиката и во екипата внесе голман играч што и направи вишок во нападот па успеаа да го намалат резултатот на 2-5 во 30та минута. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ притискаше кон голот на Еуро Табак но предноста од полувремето беше преголема па на крајот Еуро Табак славеше со 4-6
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Јован Стојанов 12’ 30’ 40’ Бојан Јовановски 37’
Еуро Табак: Мартин Ливрински 17’ Дејан Јанкоски 4’ 7’ 16’ 40’ Григориј Јовановски 18’
Во израмнет натпревар Аптив и Пекабеско ги поделија бодовите
Екипите на Аптив и Пекабеско уште на самиот старт од натпреварот играа цврсто во исклучително израмнета борба. Во првото полувреме екипата на Пекабеско беше одлична во одбраната што им овозможи преку контра напади да имаат одлична реализација. Екипата на Аптив во текот на целото полувреме се обидуваше да фати резултатски приклучок но пекабеско не го дозволи тоа па на полувремето отиде со предност од 2-3. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и на двете страни се играше крајно израмнет фудбал кој беше доста возбудлив пред се поради неизвесноста која ни ја приредија и двете екипи. Се играше гол за гол буквално до последната минута од натпреварот кој заврши со 4-4.
Стрелци на головите беа:
Аптив: Љупчо Наумовски 27’ 28’ Кире Стаматовски 13’ 17’
Пекабеско: Александар Арсовски 30’ Алвин Бачко 10’ Ѓоре Бочваров 5’ 14’
Макпетрол поуспешни од Лукоил во нафташкото дерби
Нафтеното дерби помеѓу екипите на Макпетрол и Лукоил го отвори екипата на Макпетрол на самиот старт во 4та минута преку Стојковски со што дојде до водство од 1-0. Екипата на Лукоил преку Фенов успеа да израмни на 1-1 во 11та минута, но екипата на Макпетрол имаше одлично поставена игра и со висок ритам успеаа на полувремето да заминат со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра играјќи во висок ритам со чести измени успеа да одржи резултатска предност стекната од првото полувреме. Екипата на Лукоил иако се трудеше да најде против игра за вечерва расположениот Макпетрол не успеа во тоа па Макпетрол го доби овој натпревар со 6-3.
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 20’ 28’ Ибраим Исмаили 15’ Игор Стојковски 4’ 32’ Александар Мишоски 23’
Лукоил: Лоренцо Николовски 29’ 40’ Антонио Фенов 11’
Браќата Стојановски jа предводеа екипата на Џонсон Мети до победа над ФК на глуви Слобода
Одличен старт за екипата на ФК на глуви Слобода во дуелот со Џонсон Мети, тие со брз старт успеаа да дојдат до водство уште во 2та минута од полувремето. По овој рано постигнат погодок екипата на Џонсон Мети се префрли на противничката половина и за само 4минути во 6та минута го израмнија резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да искористи грешка во одбраната на Слобода па на паузата замина со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети продолжи со високот темпо на игра и уште во 23та минута го зголеми водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на ФК на глуви Слобода се обидуваше да дојде до намалуваше на резултатот што ги остави ранливи во одбраната што Џонсон Мети вешто го изкористи за победа од 6-1.
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Љупче Стојановски 6’ Христијан Стојановски 17’ 34’ Виктор Јовановски 23’ 40’ Даниел Стојановски 40’
ФК на глуви Слобода: Самис Чеховиќ 2’ Стефан Ѓиков 40’
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Макпетрол | 17 | 16 | 0 | 1 | 109 | 35 | 73 | 48 |
2 | Матрикс | 17 | 15 | 1 | 1 | 131 | 50 | 81 | 46 |
3 | Ван Хоол | 17 | 14 | 3 | 0 | 88 | 40 | 48 | 45 |
4 | Џонсон Мети | 18 | 15 | 0 | 3 | 94 | 57 | 37 | 45 |
5 | Рамстор | 17 | 12 | 4 | 1 | 89 | 52 | 37 | 40 |
6 | ЈСП | 17 | 11 | 3 | 3 | 104 | 57 | 47 | 36 |
7 | Фабрика Карпош – ГИМ | 17 | 10 | 4 | 3 | 90 | 59 | 31 | 34 |
8 | Еуро Табак | 17 | 10 | 2 | 5 | 103 | 74 | 29 | 32 |
9 | Џоjсон Сејфти Системс | 17 | 9 | 4 | 4 | 87 | 71 | 16 | 31 |
10 | Лукоил | 17 | 10 | 1 | 6 | 98 | 98 | 0 | 31 |
11 | Гранит | 18 | 9 | 3 | 6 | 85 | 65 | 20 | 30 |
12 | А1 | 17 | 9 | 2 | 6 | 96 | 85 | 11 | 29 |
13 | Сава Осигурување | 18 | 9 | 2 | 7 | 87 | 75 | 12 | 29 |
14 | Македонски Телеком | 17 | 8 | 1 | 8 | 84 | 69 | 14 | 25 |
15 | ЕВН | 17 | 8 | 0 | 9 | 70 | 77 | -7 | 24 |
16 | ФК на Глуви Слобода | 19 | 7 | 3 | 9 | 71 | 83 | -12 | 24 |
17 | Аптив | 16 | 6 | 4 | 6 | 85 | 71 | 14 | 22 |
18 | Аџибадем Систина | 17 | 6 | 2 | 9 | 87 | 91 | -4 | 20 |
19 | Пекабеско | 17 | 5 | 2 | 10 | 74 | 95 | -21 | 17 |
20 | Окта | 19 | 5 | 1 | 13 | 62 | 83 | -21 | 16 |
21 | ЕЛЕМ | 19 | 5 | 0 | 14 | 60 | 101 | -41 | 15 |
22 | Уни Банка | 18 | 4 | 1 | 13 | 81 | 113 | -32 | 13 |
23 | Тиквеш | 15 | 3 | 1 | 11 | 64 | 105 | -39 | 10 |
24 | ЈП Водовод | 17 | 3 | 0 | 14 | 76 | 106 | -30 | 9 |
25 | МЕПСО | 19 | 2 | 1 | 16 | 55 | 101 | -46 | 7 |
26 | Уника | 18 | 1 | 1 | 16 | 32 | 146 | -114 | 4 |
27 | ТАВ | 17 | 0 | 2 | 15 | 49 | 118 | -69 | 2 |
Џојсон Сејфти Системс преку контра напади до победа над Аџибадем Систина
Крајно израмнет натпревар одиграа екипите на Аџибадем Систина и Џојсон Сејфти Ситемс во текот на целиот натпревар се играше отворен фудбал со многу шанси за гол и на девете страни ниту една од двете екипи не успеа резултатски да се одлепи што се виде и по резултатот на полувремето 2-2. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра, екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да стекне предност, по што следеше тактичка замена во редовите на Аџибадем Систина која со голман играч успеа да дојде до израмнување. Екипата на Џојсон Сејфти Ситемс во самиот финиш од натпреварот со цврста одбрана и брз напад дојде до победа од 6-4
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димовски 5’ 26’ 37’ Нерди Бајреми 38’ Борче Аргиловски 3’ Бобан Смилевски 40’
Аџибадем Систина: Далибор Дамјановиќ 1’ Игор Ѓоргиевски 18’ 35’ Мирослав Неделковски 33’
Рамстор и Тиквеш одиграа реми
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Тиквеш, прва довдоство дојде екипата на Рамстор со погодокот на Иметовски во 7та минута. По ова екипата на Тикевеш го подигна темпото на игра и дојде до израмнување во 14та минута. Двете екипи до крајот на полувремето имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па на паузата се замина со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме иста слика двете екипи продолжија со висок ритам на игра на граница на фаул. Екипата на Тиквеш во 34та минута успеа да реализира и да направи целосен пресврт. Во финишот од натпреварот Рамстор фрли се на една карта на нападот и во 34та минута успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој заврши овој натпревар.
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Енис Мурселов 34’ Алтај Иметовски 7’
Тиквеш: Бојан Ивановски 14’ 31’
Ван Хоол во висок ритам до победа над МЕПСО
Екипата на Ван Хоол уште на самиот почеток наметна висок ритам на игра кој со чести измени го одржуваше во тектот на целото прво полувреме. Во ваквата игра екипата на МЕПСО со кратка клупа не можеше да фати вистински ритам и да најде против игра за расположениот Ван Хоол, па така Ван Хоол на полувремето замина со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи во ист ритам и од минута во минута ја зголемуваше предноста која на крајот изнесуваше 4 гола разлика 7-3 недостични за МЕПСО.
Стрелци ан головите беа:
Ван Хоол: Даниел Стаматовски 2’ 38’ Филип Белчовски 14’ Христијан Павловски 30’ Христијан Димковски 29’ Ненад Атанасов 5’ Иван Вукановски 18’
МЕПСО: Борис Трајковски 17’ 37’ Стефан Коцевски 20’
А1 со пресврт до победа над Окта
Одличен старт за екипата на А1 во дуелот со екипата на Окта во првата минута и водство од 0-1. По овој рано постигнат погодок двете екипи започнаа со отворен ситл на игра па се редеа шанси на двете страни. Екипата на Окта беше таа која вршеше притисок кон голот на А1 што вроди со плод со погодоци во 12та и 15та минута за целосен резултатски пресврт. По овој пресврт се сменија улогите на теренот па екипата на А1 беше таа која бркаше резултатот но не успеа во таа намера па на полувремето се замина со 2-1 за Окта. Во второто полувреме екипата на А1 успеа да постигне погодок во 25та минута и да о израмни резултатот. Овој погодок леа сигурност во играта на А1 кои продолжија со континуиранни напади кон голот на Окта и за само неколку минути успеаа да го превземат водството. Екипата на Окта и покрај сите обиди да се врати во натпреварот не успеа во таа намера па го загуби овој натпревар со 3-6.
Стрелци ан головите беа:
Окта: Иван Димитриевски 12’ Александар Јовчевски 15’ Драганчо Ѓоргиевски 36’
А1: Иле Никодиновски 1’ 33’ Никола Спасевски 25’ Мартин Тодоровски 32’ 34’ Мартин Ангеловски 35’
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 13 | Фабрика Карпош - ГИМ |
2 | / | Мартин Ливрински | 12 | ЈСП |
3 | 28 | Душан Спасеновски | 10 | ЕЛЕМ |
4 | / | Живе Ѓорѓиевски | 8 | ВДЛ Ван Хоол |
5 | 2 | Вилијам Митев | 7 | ЕВН |
Група Б | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 18 | Bestway Solution |
2 | 19 | Арбен Нухиу | 15 | УНИКА |
3 | 15 | Дамјан Петревски | 14 | Тиквеш |
4 | 5 | Кристијан Димковски | 14 | Аџибадем Систина |
5 | 7 | Бојан Петковски | 11 | Атлантик Груп |
Уни Банка со одлично второ полувреме до победа над Гранит
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Гранит, екипата на Гранит со погодок во првата минута одлично го отвори овој натпревар. По ова екипата на Уни Банка започна со силен притисок кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, а тоа им успеа во 11та минута со голот на Петков за 1-1. Во следната минута екипата на Уни Банка успеа да реализира еден контра напад за целосен пресврт и водство од 2-1. И кога се очекуваше дека на полувреме екипата на Уни Банка ќе замине со предност, голманот на Гранит со одличен погодок донесе израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме екипата на Уни Банка влезе многу мотивирана и уште на самиот старт успеа да постигне погодок за повторно водство во натпреварот. Екипата на Гранит со чести ротации на играчи се обидуваше да ја пронајде својата игра но екипата на Уни Банка доста умешно преку контра напади успеваше да ги казни. На крајот овој натревар го доби екипата на Уни Банка со 5-3.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ангел Петков 11’ Ѓорѓи Пецевски 12’ Ненад Саздовски 25’ 30’ Марко Ташков 38’
Гранит: Николче Глигуровски 1’ Александар Димитриевски 19’ Саше Каровски 39’
ЈСП со сигурна игра до победа над Водовод
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Водовод, прва до водство дојде екипата на ЈСП со голот на Павловиќ во 5та минута. Следуваше брз одговора на екипата на Водовод со погодокот на Муслиу во 8та минута за израмнување на резултатот на 1-1. Кон средината на полувремето поточно во 11та минута со голот на Крстевски екипата на ЈСП дојде до ново водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Водовод беше таа која го бркаше резултатот на ЈСП не остави простор за игра и со одлична игра во фаза на одбрана успеа да го сочува својот гол и да го добие ова полувреме со резултат од 5-1. Во второто полувреме екипата на Водовод со сите сили се обидуваше да ја намали високата разлика од полувремето но не успеа во таа намера бидејќи екипата на ЈСП одлично ја постави својата игра во фаза на одбрана и напад и имаше целосна контрола врз играта и резултатот На крајот екипата на ЈСП го доби овој натпревар со високи 10-4
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Љупчо Павловиќ 5’ 22’ Гоце Крстевски 11’ 39’ Тихо Фидановски 18’ 19’ 20’ 34’ 37’ 40’ Сашо Ѓеоргиев 22’
Водовод: Бесим Муслиу 8’ Столе Ивановски 29’ Авни Ајвази 37’ Стојанче Величковски 40’
Матрикс со тимска игра до победа над Сава Осигурување
Одличен старт за екипата на Сава Осигурување во дуелот со Матрикс, до 5та минута тие успеаа да се стекнат со водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Матрикс се префрли на противничкото поле и изврши силен притисок што резултираше со целосен резултатски пресврт до 9та минута. Екипата на Сава Осигурување која беше во негатива ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, но такватља отворена игра остави простор во одбраната што Матрикс вешто го искористи за предност 3-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување беше таа која што го прка резултатот и фрли се на една карта, но екипата на Матрикс одлично ја постави својата одбрана не дозволи изненадување и рутинирано го приведе кон крај овој натпревар за победа од 4-9.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Јовица Марковски 5’ 12’ 40’ Трајче Илиевски 2’
Матрикс: Перте Даиловски 15’ 34’ Дарко Цветковски 6’ Мирко Богоевски 8’ 9’ 9’ Ивица Алампоиски 8’ 23’ 26’
Екипата на Уника во последната минута осигура бод во дуелот со ТАВ
Екипата на Уника со погодокот на Кокаланов во првата минута одлично го отвори дуелот против екипата на ТАВ. Овој рано постигнат погодок на екипата на Уника и даде дополнителен мотив да тргне уште поагресивно кон голот на ТАВ што и донесе уште еден погодок во 13та минута и водство од 2-0. Екипата на ТАВ и покрај честите ротации ан играчи не успеа да ја пронајде својата игра во ова полувреме па екипата на Уника замина со предност од 2-0. На стартот на второто полувреме екипата на ТАВ успеа да постигне погодок и да дојде до само гол негатива, овој гол и даде елан на екипата на ТАВ да тргне уште понапаѓачки што вроди со плод во 32та минута за израмнување на 2-2. Веќе следната минута екипата на ТАВ успеа да реализира еден контра напад и да дојде до целосен пресврт и водство од 2-3. И кога се очекуваше дека ТАВ ќе ја однесе победата, екипата на УНика во последната минута успеа дареалзира за 3-3 и поделба на бодовите.
Стрелци на головите беа:
Уника: Васко Кокалов 1’ Даниел Стојановски 13’ 40’
ТАВ: Александар Митков 23’ Мартин Стојановски 33’ Ријат Сулејмани 32’
Фабрика Карпош – ГИМ со префектно второ полувреме до победа над Македонски Телеком
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Фабрика Карпош и Македонски Телеком и припадна на екипата на Телеком која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе водство во 3та миута со голот на Филипов. ПО ова водство екипата на Телеком продолжи во ист ритам со напаѓачки стил на игра па преку погодокот на Лазаревски во 12та минута успеа да се стекне со водство од 2-0. Екипата на Фабрика Карпош не се откажуваше лесно од овој натпревар па последните минути од полувремето во целост им припаднаа ним, каде со погодоците двата погодоци на Панев во 18та минута успеаа да израмнат на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Телеком влезе многу агресивно што и донесе погодоци во 25та и 26та минута за водство од 2-4. Екипата на Фабрика Карпош со одлична игра од минута во минута ја топеше предноста на Телеком, за последните минути од натпреварот да ги одигра буквално совршено и да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 6-4.
Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 34’ Кристијан Панев 18’ 18’ Филип Илиевски 31’ 37’ Игор Николовски 29’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 12’ 26’ Стефан Насковски 25’ Гоце Филиповски 3’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Тихомир Фидановски (ЈСП) 6 гола
– Дејан Јанковски (Еуро Табак) 4 гола
– Мирко Богески (Матрикс) 3 гола
– Ивица Алампиоски (Матрикс) 3 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Игро Ѓоргиевски (Аџибадем Систина), Ненад Саздовски (Уни Банка), Јован Стојанов (ЕЛЕМ), Мишо Ѓоргиевски (Макпетрол), Христијан Стојановски (Џонсон Мети), Јовица Марковски (Сава Осигурување), Даниел Стаменковски ( Ван Хоол)
Екипа на колото: Уни Банка
Тренер на колото: Ѕвонко Станковски (Уни Банка)
Голман на колото: Гоце Крстевски (ЈСП)