Во рамките на шестото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 8 натпревари а два беа регистрирани со службен резултат
Во првиот натпревар Лукоил со погодок во последната минута дојде до победа над Тиквеш
Шетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Тиквеш и Лукоил, прва до водство дојде екипата на Лукоил со погодок во 6та минута. Екипата на Тиквеш за кусо време успеа да ги консолидира своите редови и веќе во 8та минута успеа да дојде до израмнување. По овие воведни погодоци се продолжи со висок ритам на игра а екипата на Лукоил имаше повеќе од играта па на паузата замина со предност од еден гол 1-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра на стартот на полувремето екипата на Лукоил успеа да постигне погодок и да го зголеми водството но екипата на Тиквеш не се откажуваше лесно од овој натпревар па со одлична игра особено од 31та до 34та минута кога успеаа да постигнат 3 погодоци и да дојдат до израмнување. Последните минути од овој натпревар беа вистинска драма во која сепак екипата на Лукоил со погодок во последната минута успеа да го добие овој натпревар со 4-5.
Стрелци на головите беа:
Тиквеш: Деко Марков 8’ Филип Велјановски 31’ Ервин Ризаов 34’ Арифи 34’
Лукоил: Александар Аврамовски 6’ 25’ Гоце Мојсоски 29’ Антонио Фенов 18’ 40’
Во драматична завршница ЕВН дојде до бодовите со Џојсон Сејфти Системс
Првиот дел од полувремето од натпреварот помеѓу Џојсон Сејфти Системс и ЕВН помина во висок ритам на игра но без шанси за погодок бидејќи двата тима доста претпазливо влегоа во овој натпревар. Како одминуваше времето и двете екипи започнаа со поофанзивна игра што веднаш донесе шанси за погодок на двете страни. Екипата на ЕВН со одличниот погодок на Бадаловски во 14та минута успеа да го отвори резултатот а со одлична игра до полувремето успеа да дојде до предност од 0-2. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс фрли се на една карта и тргна во тотална офанзива по израмнување. Таквата отворена игра остави простор во одбраната што екипата на ЕВН знаеше да го казни за да се стекне со комотно водство од 0-5 до 30та минута. Екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа со одлична игра во периодот од 31та до 38та минута да дојде до гол негатива и да ја направи завршницата интересна. Во таквата завршница ЕВН успеа да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 4-5.
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 31’ Нерди Бајрами 33’ 37’ Живко Стојковски 38’
ЕВН: Виктор Валканчев 27’ Наумче Бадаловски 14’ 03’ Томи Илиевски 23’ Ајет Новобрдалија 20’
Рамстор и Еуро Табак одиграа реми
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Еуро Табак, и двете екипи во овој натпревар влегоа без калкулација и од самиот старт започнаа со отворен стил на игра. Прва во водство дојде екипата на Рамстор после една одлично одработена акција во 8та минута. По ова екипата на Еуро Табак ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, тие успеаа да створат неколку одлични шанси но не успеаа да реализираат, а екипата на Рамстор тоа успеа да го казни со вториот погодок на Кадир и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да постигне уште еден погодок и да замине на паузата со комотно водство од 3-0. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Еуро Табак која уште на самиот старт започна агресивно да напаѓа кон голот на Рамстор и од минута во минута успеваше да ја топи предноста на Рамстор од полувремето. Екипата на Рамстор не успеваше да ги затвори приодите кон својот гол па екипата на Еуро Табак успеа во 36та минута да дојде до израмнување и да ги направи последните минути вистинска драма. ВО ваквата драматична завршница екипите ги поделија бодовите со резултат од 4-4.
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Азрет Абаз 18’ 24’ Кадир Јахја 8’ 17’
Еуро Табак: Дејан Младеновски 31’ Мартин Ливрински 36’ Григориј Јовановски 26’ 29’
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Макпетрол | 17 | 16 | 0 | 1 | 109 | 35 | 73 | 48 |
2 | Матрикс | 17 | 15 | 1 | 1 | 131 | 50 | 81 | 46 |
3 | Ван Хоол | 17 | 14 | 3 | 0 | 88 | 40 | 48 | 45 |
4 | Џонсон Мети | 18 | 15 | 0 | 3 | 94 | 57 | 37 | 45 |
5 | Рамстор | 17 | 12 | 4 | 1 | 89 | 52 | 37 | 40 |
6 | ЈСП | 17 | 11 | 3 | 3 | 104 | 57 | 47 | 36 |
7 | Фабрика Карпош – ГИМ | 17 | 10 | 4 | 3 | 90 | 59 | 31 | 34 |
8 | Еуро Табак | 17 | 10 | 2 | 5 | 103 | 74 | 29 | 32 |
9 | Џоjсон Сејфти Системс | 17 | 9 | 4 | 4 | 87 | 71 | 16 | 31 |
10 | Лукоил | 17 | 10 | 1 | 6 | 98 | 98 | 0 | 31 |
11 | Гранит | 18 | 9 | 3 | 6 | 85 | 65 | 20 | 30 |
12 | А1 | 17 | 9 | 2 | 6 | 96 | 85 | 11 | 29 |
13 | Сава Осигурување | 18 | 9 | 2 | 7 | 87 | 75 | 12 | 29 |
14 | Македонски Телеком | 17 | 8 | 1 | 8 | 84 | 69 | 14 | 25 |
15 | ЕВН | 17 | 8 | 0 | 9 | 70 | 77 | -7 | 24 |
16 | ФК на Глуви Слобода | 19 | 7 | 3 | 9 | 71 | 83 | -12 | 24 |
17 | Аптив | 16 | 6 | 4 | 6 | 85 | 71 | 14 | 22 |
18 | Аџибадем Систина | 17 | 6 | 2 | 9 | 87 | 91 | -4 | 20 |
19 | Пекабеско | 17 | 5 | 2 | 10 | 74 | 95 | -21 | 17 |
20 | Окта | 19 | 5 | 1 | 13 | 62 | 83 | -21 | 16 |
21 | ЕЛЕМ | 19 | 5 | 0 | 14 | 60 | 101 | -41 | 15 |
22 | Уни Банка | 18 | 4 | 1 | 13 | 81 | 113 | -32 | 13 |
23 | Тиквеш | 15 | 3 | 1 | 11 | 64 | 105 | -39 | 10 |
24 | ЈП Водовод | 17 | 3 | 0 | 14 | 76 | 106 | -30 | 9 |
25 | МЕПСО | 19 | 2 | 1 | 16 | 55 | 101 | -46 | 7 |
26 | Уника | 18 | 1 | 1 | 16 | 32 | 146 | -114 | 4 |
27 | ТАВ | 17 | 0 | 2 | 15 | 49 | 118 | -69 | 2 |
ФК на глуви Слобода со тимска игра до победа над Уника
Одлично прво полувреме на ФК на глуви Слобода во дуелот со Уника, тие уште на самиот старт ја превзедоа иницијативата што резултираше со погодок во 6та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на Уника во истата минута за израмнување на 1-1. По овие почетни погодоци екипата на Слобода се префрли на протиничко поле имаше повеќе од играта па до крајот на полувремето успеа да постигне уште два погодоци за водство од 1-3 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Уника започна со поагресивна игра кон голот на Слобода што вроди со плод со погодок во 22та минута и намалување на само гол негатива. До крајот на полувремето се играше гол за гол а во таквата игра поуспешна беше екипата на ФК на глуви Слобода која го доби овој натпревар со 5-6.
Стрелци на головите беа:
Уника: Васко Кокаланов 36’ Даниел Стојковски 6’ 22’ 38’ Дарко Котевски 39’
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 6’ Јасин Алими 13’ 29’ 38’ Стојковски Мартин 10’ 31’
Ван Хоол рутинирано до победа над Пекабеско
Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот против Пекабеско со погодок уште во првата минута од натпреварот, по оваа негатива екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Ван Хоол одлично ја постави играта во одбраната ги затвори сите приоди кон нивниот гол и не оставија многу простор за игра на екипата на Пекабеско. Екипата на Ван Хоол успеа да креира и неколку одлични прилики за гол но голманот на Пекабеско со одлични одбрани успеа да спречи екипата на Ван Хоол резултатски да се одлепи. Полувреме 1-0. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол маше целосна контрола врз играта и резултатот па и покрај сите обиди на екипата на Пекабеско да фати резултатски приклучок тие успеа го издржат притисокот и рутинирано да го приведат натпреварот до крај во своја корист со резултат од 6-2
Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Антонио Петровски 22’ Даниел Стаменковски 27’ Ненад Саздовски 26’ 30’ Христијан Павловски 1’ Владо Здравков 31’
Пекабеско: Алвин бачко 31’ Ракип Ибраимов 39’
Макпетрол со сигурна игра до победа над А1
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и А1, првиот дел од полувремето во целост и припадна на екипата на Макпетрол која во 4та минута успеа да го отвори резултатот за 1-0, а неколку минути подоцна во 8та минута и да го зголеми на 2-0. Екипата на А1 по оваа негатива беше приморана да започне со поагресивна игра и се префрли на противничката половина вршејќи притисок кон голот на Макпетрол со цел да дојде до резултатски приклучок. Тие во неколку наврати имаа одлични шанси за да дојдат до намалување на резултатот но до полувремето не успеаа во тоа па на паузата Макпетрол замина со предност од 2-0. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-0, по ова екипата на А1 фрли се на една карта и тргна во тотална офанзива по израмнување, таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива па екипата на Макпетрол со одлична игра од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 7-2.
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 4’ 36’ Марко Костенцовски 29’ 31’ Игор Стојковски 26’ 40′ Александар Мишоски 8’ 38’
А1: Мартин Ташковски 32’ Антонио Апостолски 33’
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 13 | Фабрика Карпош - ГИМ |
2 | / | Мартин Ливрински | 12 | ЈСП |
3 | 28 | Душан Спасеновски | 10 | ЕЛЕМ |
4 | / | Живе Ѓорѓиевски | 8 | ВДЛ Ван Хоол |
5 | 2 | Вилијам Митев | 7 | ЕВН |
Група Б | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 18 | Bestway Solution |
2 | 19 | Арбен Нухиу | 15 | УНИКА |
3 | 15 | Дамјан Петревски | 14 | Тиквеш |
4 | 5 | Кристијан Димковски | 14 | Аџибадем Систина |
5 | 7 | Бојан Петковски | 11 | Атлантик Груп |
Џонсон Мети со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина
Жестоко прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Џонсон Мети и Аџибадем Систина. Екипата на Систина одлично го отвори овој натпревар со погодокот на Ѓеоргиевски во 3та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Џонсон Мети се префрефрли на противничка половина го засили темпото и изврши силен притисок кон голот на Систина што и донесе израмнување во 9та минута. По ова израмнување играта се префрли на средината на теренот а и двете екипи повеќе внимаваа на својот гол, а играчите со индивидуални акции и удари од далечина се обидуваа да го изненадат противничкиот голман. До крајот на полувремето двете екипи имаа свои одлични периоди на игра но не и реализација па на полувреме се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два погодоци во раната фаза и да го превземе водството на 3-1. Екипата на Сиситна се обидуваше да се врати во игра и со промена на тактиката во игра внесувајќи голман играч но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 5-3.
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 9’ Љупче Стојановски 24’ 31’ Бобан Ристов 22’ 37’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 29’ Далибор Дамјановиќ 40’ Игор Ѓоргиевски 3’
Во тврд натпревар Матрикс подобри од Окта
Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот со Окта со погодокот на Алампиоски во првата минута од натпреварот. По оваа негатива екипата на Окта започна жестоко да напаѓа кон голот на Матрикс и успеаа да створат неколку шанси но не успеаа да реализираат што Матрикс го казни со голот на Даиловски во 13та минута за водство од 0-2. Екипата на Окта во последната минута од полувремето успеа да постигне погодок и да го намали резултатот на 1-2. Во второто полувреме се продфолжи со високо темпо и жетока игра по целиот терен, во ова второ полувреме и двете екипи имаа одлични периоди на игра но слаба реализација. Натпреварот заврши со резултат од 1-3 во корист на Матрикс
Стрелци на головите беа:
Окта: Јасмин Личина 20’
Матрикс: Петре Даиловски 13’ Дарко Цветковски 36’ Ивица Алампиоски 1’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Јасин Алими (Слобода) 3 гола
– Мишо Ѓоргиевски (Макпетрол) 2 гола
– Даниел Стојковски (Уника) 3 гола
– Григориј Јовановски (Еуро Табак) 2 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Антонио Фенов (Лукоил), Александар Аврамовски (Лукоил), Нерди Бајрами (Џојсон Сејфти Системс), Наумче Бадаловски (ЕВН), Азрет Абаз (Рамстор), Кадир Јахја (Рамстор), Игор Стојковски (Макпетрол), Александар Мишоски (Макпетрол), Љупче Стојановски (Џонсон Мети)
Екипа на колото: ФК на глуви Слобода
Тренер на колото: Христијан Стојановски (Џонсон Мети)
Голман на колото: Бобан Ристов (Џонсон Мети)