Еуро Табак 5-5(3-3) Рамстор
Еуро Табак: Дејан Младеновски 5’ Мартин Ливрински 4’ Дејан Јанкоски 15’ 26’
Рамстор: Ибрахим Бекир 14’ Кадир Јахја 19’ 19’ 26’ Енис Мурселов 31’
Одличен старт за екипата на Еуро Табак во првиот полуфинален дуел со Рамстор. На самиот почеток од натпреварот во 5та минута тие успеаа преку Ливрински да го отворат натпреварот, а само минута подоцна преку Младеновски да го зголемат водството на 2-0. Ова го стави притисокот врз екипата на Рамстор која го подигна темпото на игра и со поофанзивна игра се обидуваше резултатски да се врати. Ваквата агресивна игра на Рамстор вроди со плод па во 14та минута успеаа да го намал резултатот на 2-1, но само минута подоцна екипата на Еуро Табак повторно успеа да дојде до два гола предност со 3-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Еуро Табак не успеа да го издржи притисокот од екипата на Рамстор која со два одлични погодоци на Јахја успеа да дојде до 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Второто полувреме почна со посмирено темпо на игра каде двете екипи се обидуваа да искористат грешка во одбраната на противникот и преку брза контра да дојдат до погодок, ова се случи во 26та минута кога екипата на Рамстор дојде до погодок со кој направи целосен пресврт. Екипата на Еуро Табак не чекаше долго па само минута подоцна дојде до повторно израмнување на 4-4. Во 31та минута по изведен корнер и одличен погодок на голманот Муреслов од половина терен екипата на Рамстор дојде до повторно водство од 4-5. И кога се чинеше дека се ќе се заврши во регуларниот дел екипата на Еуро Табак буквално во последната минута успеа да искористи грешка во одбраната на Рамстор за во овој натпревар победникот да го одлучат пеналите. Во изведувањето на пеналите екипата на Еуро Табак имаше повеќе среќа и го имаше Поповски на голот за победа од 8-7.