Пивара Скопје 3-5(0-3) ЈСП
Пивара Скопје: Мартин Јованчевски 35’ Бобан Ристов 31’ Влатко Трпковски 28’
ЈСП: Филип Димовски 2’ 36’ Филип Колеќески 7’ Владимир Смичковски 8’ Дејан Блажевски 30’
Вториот натпревар од А групата го одиграа екипите на Пивара Скопје и ЈСП. Во првото полувреме од овој нтпревар екипата на ЈСП настапи доста офанзивно и со притисок во предно поле успеа да направи играч плус. Во ваквата игра уште во раната фаза на натпреварот ЈСП дојде до водство во втората минута преку Димовски. По неколку минути во ефикасниот напад се приклучија и Колеќески и Смичковски. Во пнатамошниот дел од полувремето екипата на ЈСП беше настојчива да го зголеми водството но екипата на Пивара Скопје усеа да се одбрани и со резултат од 3 спрема 0 ЈСП замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје успеа да ги консолидира своите редови и во втората половина од полувремето со три гола преку Трпковски 28’ Ристов 31’ и Јованчевски 35’ успеа да фати резултатски приклучок. Но екипата на ЈСП не дозволи изненадување и во самиот финиш преку Димовски 36′ ја запечати победата со конечниот резултат од 3 спрема 5.