Со голман играч Атлантик Груп до реми во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 3-3(3-0) Атлантик Груп

ЕЛЕМ: Џемил Исмаили 3’ 10’ Никола Мицевски 18’
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 23’ 37’ Љупчо Пафковиќ 30’

Екипата на Елем во дуелот со Атлантик Груп влезе мошне мотивирано играјки пресинг по целиот терен. Во текот на целото полувреме се играше цврста одбрана на ивица на фаул како не би можело да се дојде до отворен шут кон противничкиот гол.

Екипата на Елем преку Исмаили 3’ поведе со 1-0, по што следеа уште два гола повторно од Исмаили 10’ и Мицевски 18’. Атлантик Груп се обидуваше да најде против игра но не успеа во тоа, па ЕЛЕМ на полувремето замина со предност 3-0.

Во второто полувреме Атлантик Груп започна со изменет состав и голман играч во својот ростер. Оваа формација уште од самиот старт вроди со плод преку преку Тасевски 23’ за намалување на разликата од 3-1. Во средината на второто полувреме Атлантик Груп преку Пафковиќ 30’ дојде на само еден негатива 3-2. До крајот на натпреварот тактиката со голман играч се покажа како прав потег бидејки во 37’ повторно со гол од Тасевски се влезе во егал завршниза со резултат 3-3. На крајот и двете екипи не успеаа да дадат гол за победа па натпреварот заврши со нерешен резултат 3-3.