Со гол во последните секунди Нацев му донесе победа на Гранит во дуелот со Халк Банка

Халк Банка 2-3 (1-0) Гранит

Халк Банка: Алпер Тахир 14’ Тигран Кандикјан 36’
Гранит: Виктор Нацев 26’ 40’ Николче Глигуровски 27’

Првото полувреме во дуелот на Халк Банка и Гранит го одбележа цврстата игра и на двете страни. Се играше пресинг по цел терен, игра која ги краси овие две екипи во текот на целата сезона. И двеке екипи преку одлично поставена одбрана доаѓаа во ситуација кога преку контра напад можеа да дојдат до отворена шанса за гол.

Ова прво му појде од рака на екипата на Халк Банка преку Тахир 14’ кога поведе со 1-0. Во понатамошниот дел од натпреварот Гранит не успеа да искористи неколку шанси за гол, па на полувремето разултатот остана 1-0 за екипата на Халк Банка.

Во второто полувреме екипата на Гранит ги консолидира своите редови и не само тоа што успеа да израмни преку Нацев 26’ , туку и да дојде до водство од 1-2 со Глигуровски 27’. Но кај Халк Банка проработе голманот Кандикјан кој не само што успеа да одбрани неколку шанси за гол, туку и самиот постигна погодок во 36’ за израмнет резултат 2-2. Но на 17 секунди до крајот на натпреварот Гранит искористи шанса за гол кој го постигна повторно Нацев 40’ и дојде до победа од 2-3.