Макпетрол 2-2(1-0) Ван Хоол (11-10 по пеналите)
Макпетрол: Никола Секулоски 6” 39”
Ван хоол: Пеце Дaилоски 23”, Валентино Трајковски 37”
Ф4 турнирот во Бизнис Лига на Македонија го отворија екипите на Макпетрол и Ван Хоол. И двете екипи знаејќи дека натпреварот ги носи во големото финале, играа мотивирано, цврсто во одбраната, и со целосен фокус во делот на нападот. Тренерите на двете екипи, Илчо Филиповски и Гоце Андов се одлучија овој натпревар да го започнат со стандардните состави без некои големи промени. Во раната фаза од натпреварот екипата на Макпетрол преку Секуловски во 6та минута со прецизен удар успеа да дојде до предност 1-0. Тоа беше сигнал за Ван Хоол да почне да игра многу по офанзивно се со цел да дојде до отворена шанса за гол како би можела да го израмни резултатот. Макпетрол беше цврст во одбраната и се обидуваше да ги затвори приодите кон својот гол. Ван Хоол до крајот на полувремето имаше неколку изгледни шанси за гол кои не успеа да ги преточи во погодок па Макпетрол на полувремето замина со минимална предност од 1-0.
Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. Во 23та минута на самиот старт од второто полувреме, Даилоски со маестрален гол му донесе израмнување на својот тим и целосно го врати Ван Хоол во овој натпревар. Се играше егал натпревар, и на двете страни екипите го оставија срцето на терен. Во самиот финиш во 37та минута Ван Хоол преку Трајковски успеа да поведе со 1-2, и кога се чинеше дека Ван Хоол го има натпреварот во своите раце, вечерва маестралниот Секуловски кај Макпетрол во 39та минута го израмни резултатот на 2-2 и го однесе овој натпревар во пенал завршница. По изведувањето на пеналите за кои можеме слободно да кажеме дека беа нај долгите и нај израмнетите во 15-годишната традиција на постоењето на Бизнис Лига, и двете екипи беа егал, но се чини дека среќата беше наклонета кон Макпетрол, која со победа на овој натрпевар обезбеди влез во големото финале. Мора да напоменеме дека се играше толку израмнет натпревар што доколку победата останеше на страната на Ван Хоол немаше да биде незаслужено.