Лукоил 7-1(2-1) ТАВ
Лукоил: Петар Лефков 5” 37”, Лоренцо Николоски 8” 29” 31”, Александар Георгиевски 30”, Димитар Иванов 40”
ТАВ: Алексо Новески 19”
Второто полуфинале од Ф4 турнирот го одиграа екипите на Лукоил и ТАВ. Како и во првиот дуел така и во овој, двете екипи беа свесни дека победата ги носи во пласманот за прво место, додека поразените играат за бронзениот медал. Екипата на Лукоил потпирајќи се на своето искуство натпреварот го започна мудро и со колективна игра, уште на самиот старт преку дуото Лефков-Николоски успеа да обезбеди предност од 2-0. Екипата на ТАВ имаше одлична игра во текот на целото полувреме и го држеше овој натпревар во целосна неизвесност. Во самиот финиш од првото полувреме ТАВ преку Новевски успеа да намали на 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Лукоил искористи неколку грешки во однраната на ТАВ кои успешно ги реализираше и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на ТАВ со голман-играч се обиде резултатски да се врати во овој натпревар, но искуството на Лукоил беше пресудно во вакви моменти. Лукоил успеа да ја стабилизира играта, да не дозволи ТАВ да наметне свој ритам, па на крајот славеше со 7-1.