Стојановски со 5 гола го водеше Атлантик Груп до победа над ТАВ

ТАВ 4-8(3-2) Атлантик Груп

ТАВ: Ивица Продановски 9” , Алмир Имер 11”, Дарио 17”, Сабир Лесоковица 39”
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 3”, 18”, Благојче Стојановски 24” 28” 29” 37” 40”, Кристијан Филиповски 34”

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Атлантик Груп. Прва до водство дојде екипата на Атлантик Груп кога во 3” успеа да поведе со 1-0. Екипата на ТАВ преку Продановски успеа да го израмни резултатот на 1-1. Во овие моменти екипата на ТАВ ја превзеде иницијативата и преку дуото Имер-Десниќ успеа да стигне до водство од 3-1. Во самиот финиш од полувремето кај Атлантик Груп повторно проработе Тасевски кој успеа да налу на 3-2, резултат со кој се отде на полувремето.
Во второто полувреме се беше во знакот на Стојановски од Атлантик Груп. Стојановски со маестрална игра и одлична реализација успеа да постигне дури 5 гола. Екипата на ТАВ немаше решение за вечерва расположениот Стојановски кој на крајот му донесе победа на Атлантик Груп од 4-8.