ЕВН 3-5(3-2) С.Ц. Борис Трајковски
ЕВН: Виктор Валканчев 3’ Бојан Тодоровски 5’ Дарко Стоиловски 11’
С.Ц. Борис Трајковски: Владимир Мојсовски 15’ 17’ 30’ 36’ Горан Андоновски 23’
Седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и С.Ц. Борис Трајковски, двете екипи натпреварот го започнаа со голман играч со што уште на самиот старт направија постава која ќе биде насочена кон нападот. Прва до водство дојде екипата на ЕВН по одлично изведениот слободен удар на Валканчев, за да го зголеми водството по не цела минута му се приклучи и Тодоровски за водство од 2-0. Борис Трајковски се обидуваше со голман во предно поле да дојде до отворен шут за реализација, но одличната поставеност на ЕВН не им го дозволи тоа па ЕВН преку контра напад успеа да дојде до водство од 3-0. Во финишот на полувремето кај екипата на С.Ц. Борис Трајковски проработе Мојсовски и со два гола успеа да намали на 3-2 резултат со кој се замина на паузата. С.Ц. Борис Трајковски второто полувреме го започна со пресинг на целиот терен со што ја принуди екипата на ЕВН на грешка во предно поле која ја искористи за преку Андоновски да го израмни резултатот на 3-3 и со тоа натпреварот беше ко на самиот почеток. Во понатамошниот дел од полувремето екипата на Борис Трајковски успеа да направи целосен пресврт и дојде до водство од 3-5. Кај ЕВН видил беше играчот помалце во ротација кој не можеа да го надополнат во делот на нападот па на крајот С.Ц. Борис Трајковски славеше со 3-5.