Фабрика Карпош – ГИМ 3-3(2-1) Халк Банка (4-6 по пеналите)
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 13’ 14’ Тони Котев 37’
Халк Банка: Ерсин Тахир 35’ Самир Вели 13’ 31’
Возбудливо прво полувреме ни прикажаа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Халк Банка, екипата на Фабрика Карпош беше првата која притисна кон голот на противникот по што одбраната на Халк Банка направи опасен фаул по што остана со играч помалце. Екипата Халк Банка одлично и затвори приодите кон својот гол и не и дозволија на Фабрика Карпош да ја искористи предноста од играч плус. Во продолжението на полувремето екипата на Фабрика Карпош со одличен погодок на Панев успеа да дојде до предност од 1-0 и да поведе во овој натпревар, но екипата на Халк Банка од пенал преку Вели успеа да израмни на спротивната страна. До финишот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да дојде до повторно водство и на паузата да замине со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Халк Банка успеа да го одбие притисокот на Фабрика Карпош – ГИМ и преку контра напад и со вториот погодок на Вели успеа да го израмни разултатот што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Ваквата драматична завршница не можеше да ни го даде победникот кој мораше да се реши на пенали. По изведување на пеналите слваше екипата на Халк Банка.