Тиквеш со целосен пресврт до победа над С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 4-6(4-1) Тиквеш

С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 14’ 17’ Филип тодоровски 13’ Јован Димовски 20’
Тиквеш: Ервин Ризаов 13’ Деко Марков 24’ 33’ 34’ Амар Елмази 3’ 39’

Осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Тиквеш, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Ваквата отворена игра и донесе рано водство на екипата на Тиквеш во 3та минута со погодокот на Елмази, по ова рано водство екипата на С.Ц. Борис Трајковски започна со нешто поагресивна игра во нападот што им донесе израмнување 13та минута со погодокот на Тодоровски а потоа и целосен резултатски пресврт со погодокот Стојановски. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да стекне дополнителна предност и на паузата да замине со позитива од 4-1. Во второто полувреме екипата на Тиквеш го подигна нивото на игра и од минута во минута ја топеше разликата која ја имаше стекнато С.Ц. Борис Трајковски, а во 33та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување со резултат од 4-4. Во продолжението на полувремето екипата на Тиквеш со третиот погодок на Марков успеа да дојде до повторно водство од 4-5. До крајот на натпреварот екипата на Тиквеш успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар да слави со 4-6.