Продолжува најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија
Почитувани,
Сезоната 2019/2020 која беше прекината поради пандемијата Covid 19 ќе се продолжи со завршен турнир,
Завршниот турнир ќе се одигра по строго пропишани протоколи се со цел да се запазат мерките и регулативите за заштита на здравјето на натпреварувачите.
Во завршниот турнир ќе учествуваат сите 27 компании кои земаа учество во лигата,
Системот на натпреварување ќе биде елиминационен по што ќе следи завршниот турнир Ф8
Почетокот е закажан за 22.06.2021 (вторник ) во СРЦ Борис Трајковски – А1 Арена (мала сала)
Да се вратиме на фудбалскиот терен!
Бизнис Лига на Македонија