Трајковски со звукот на сирената и донесе победа на Аптив во дуелот со Гранит

Гранит 4-5(2-2) Аптив

Гранит: Николче Глигуровски 40’ Дарко Петров 3’ Мартин Фотевски 5’ Димитар Илиевски 37’
Аптив: Александар Марковски 29’ Иле Трајковски 40’ Дамјан Хрдличка 4’ 15’ Владимир Јовановски 39’

Исклучително израмнет натпревар одиграа екипите на Гранит и Аптив, во текот на целото прво полувреме на двете страни се играше израмнет фудбал. И двете екипи можеме да кажеме дека со ваква игра го оставија срцето на терен, прва до водство дојде екипата на Гранит преку Петров, кај Аптив возврати Хрдличка за израмнување од 1-1. Во ваквиот отворен фудбал Фотевски на Гранит му донесе водство од 2-1, за да во самиот финиш од полувремето Хрдличка повторно беше прецизен и го израмни резултатот на 2-2 резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма и двете екипи играа израмнет фудбал иако екипата на Аптив имаше гол предност Гранит успеа да го искористи игречот плус по исклучувањето кое го доби екипата на Аптив и со овој гол го израмни резултатот. Се играше гол за гол се до самиот финиш кога буквално со звукот на сирената Иле Трајковски од екипата на Аптив постигна погодок со кој и донесе победа на својата екипа со 4-5.